Меланија Трамп на 54 години изгледа значително помладо и посвежо, а нејзиниот нов изглед ги воодушеви сите
Меланија Трамп се врати! И како што велат многумина, никогаш не изгледала посреќно.
Облечена во огненоцрвен комплет од модната куќа „Кристијан Диор“, таа изгледала свежо и младолико. Меланија веќе го носела овој комплет во 2017 година кога била на службена посета на Франција.
„Ништо ново – ова е само повторување. Но таа го обожава овој костим. Има прекрасна облека и може да повтори некои изданија“, рекол нејзиниот стилист Ерве Пјер.
На нозете носела потпетици „Кристијан Лобутон“, кои станаа нејзиниот заштитен знак.
Инаку, покрај совршената става, Меланија овој пат ја покажала и новата насмевка – исклучително белите заби, за кои многумина сметаат дека се нови навлаки.
Поврзани објави
Потемнетиот тен и свежо бојосаните перчиња на нејзината долга коса оставаат впечаток на вистинска калифорниска девојка, наместо на жена со словенска крв.
Додека Трамп ѝ се обраќал на публиката, Меланија се смешкала повеќе од вообичаено, го држела сопругот за рака и го гледала вљубено.
Со оглед на тоа што нивниот однос со години се карактеризира како ладен, ова појавување го демантира сето тоа. Изгледа дека блиското соочување со смртта на Трамп ја поттикнало Меланија да го цени секој момент со својот сопруг.