Почетна Убавина и здравјеКако Маја Шупут стана најбогата пејачка на Балканот? – Убавина и здравје

Како Маја Шупут стана најбогата пејачка на Балканот? – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Хрватската пејачка Маја Шупут имала исклучително успешна 2022 година, бидејќи двете компании чија сопственичка е, ѝ донеле огромна милионска заработка.

Нејзините две фирми вкупно оствариле промет од 5,9 милиони куни, односно повеќе од 92 милиони денари. Маја Шупут Татаринов е сопственичка и директорка на фирмата „Морска дива“.

Вкупните приходи на нејзината фирма во 2022 година изнесувале 518.312 евра, а деловниот субјект остварил нето добивка од 241.969 евра, односно малку над 28 милиони денари.


Поврзани објави

Споменатата фирма има само еден вработен, а Маја преку неа ја води својата музичка кариера.

Нејзината втора фирма се занимава со продажба на козметичка линија, каде што е сувласничка со сопругот Ненад Татаринов. Лани остварила промет од околу 275.000 евра, а добивката изнесувала околу 30.000 евра.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/majasuput/