Наоми Кембел уживала на луксузна јахта со друштво, но покрај нејзината совршена фигура, на сите им паднал в очи еден необичен детаљ
Сите очи биле вперени во заводливата 54-годишна манекенка Наоми Кембел додека ја покажувала својата импресивна фигура и уживала во раскошно патување на јахта на Ибица, заедно со актерките Еиза Гонзалес и Мишел Родригез.
Модната икона изгледала фантастично во светкаво металик-златно бикини кое совршено го надополнило раскошот на јахтата во која пловела.
Кралицата на модните писти зрачела додека го впивала сонцето на мирното Средоземно море. За да го надгради својот шик-изглед, Наоми додала златен накит и елегантни кафени очила за сонце со златни детали, надополнувајќи го целиот моден ансамбл со елегантна црна марама на главата.
Нејзините сопатнички Мишел (46) и Еиза (34), исто така, ја покажале својата атрактивна фигура, при што едната носела бело бикини, а другата класичен црн дводелен костим за капење.
Обожавателите на социјалните мрежи биле воодушевени од ставата на Наоми и ја нарекле инспирација за секоја жена. Сепак, не можеле да не забележат дека нешто се крие во долниот дел на нејзиното бикини.
Еден напишал:
„Што е тоа во нејзините гаќички, по ѓаволите?!“
Манекенката навистина имала нешто во костимот за капење, но тоа било само синџирче што го носела околу половината, а еден од приврзоците заталкал на незгодно место.
Поврзани објави
На ова сончево „бегство“, Наоми заминала веднаш откако во едно интервју зборувала за несигурностите од детството и недостигот на самодоверба кога била млада.
Супермоделката зборувала за потсмевот на кој била изложена поради високата и вита става. Рекла дека врсниците често ја нарекувале Олива – ликот од цртаниот филм „Попај“, поради нејзината фигура.
„Не бев сигурна во себе, бидејќи бев многу слаба и прилично висока за моите години. И ме викаа Олива“, се присетила таа во интервјуто.
„И, знаете, децата си се прозиваат меѓусебно. Вратот ми беше прилично долг, па се обидував да го слегнам вратот, за да не биде толку долг. Се чувствував непријатно“, додала таа.
Од друга страна, истакнала дека преку танцот научила да го сака своето тело.
„Во танцот ме привлекоа креативноста и движењата. Тоа е нешто што го сакав, и тоа никогаш нема да се промени. Чувствувам дека навистина е дел од мојата ДНК“.
„Мајка ми ми даваше упатства во ходникот од нашата куќа кога бев тинејџерка, а се сеќавам дека музиката на којашто чекоревме беше од Лајонел Ричи и само го слушавме ритамот“, продолжила таа.
Исто така, открила дека во текот на кариерата не се плашела да се избори за себе секогаш кога ќе се соочела со дискриминација:
„Имав глас и секогаш кажував кога ќе забележев неправда“, рекла таа и додала:
„Особено ако го работев истото работно време, истата работа, а не сум била исто платена – секогаш укажував на тоа“.
Луѓето видоа како изгледа Наоми Кембел на 54 години и настана општ ШОК и неверување