Table of Contents
Веста дека Ралф Шумахер е геј ја шокира јавноста, а еве некои детали од неговиот љубовен живот
Возачот на Формула 1 Ралф Шумахер (49) ја изненади јавноста пред неколку дена кога јавно се декларира како хомосексуалец.
Помладиот брат на легендарниот Михаел Шумахер сподели фотографија со својот партнер на Инстаграм и порача:
„Најубавото нешто во животот е кога го имаш вистинскиот партнер покрај себе, со кого можеш да споделиш сè.“
Обожавателите му честитале на познатиот спортист за храброста да ја сподели вистината за себе, како и за тоа што ја пронашол љубовта на својот живот, а многумина се запрашале и кој е мистериозниот маж со кого Шумахер запловил во хармонична врска.
Како што пишуваат странските медиуми, станува збор за француски менаџер по име Етјен, со кого Ралф подоцна споделил уште една фотографија на која уживаат прегрнати.
„Многу ви благодарам за честитките и коментарите. Многу сме среќни и благодарни“, напишал Шумахер.
И самиот Етјен ја споделил првата објава на својот партнер со пораката дека е на седмо небо со познатиот Германец.
Поврзани објави
Кој е партнерот на Ралф Шумахер?
Етјен му е бизнис-менаџер на Шумахер и моментално живее во Ница, а се претпоставува дека се запознале кога Французинот почнал да работи за популарниот автомобилист.
Не е познато кога нивниот однос станал романтичен, но нивен близок пријател сугерирал дека тие се речиси две години во врска. Германската актерка Кармен Гајс рекла дека Шумахер и Етјен се „сензационално среќни“ и дека никогаш немале караница или несогласување.
Љубовниот живот на Ралф Шумахер
Популарниот спортист бил поврзуван со многу убавици за време на својата кариера, а кратко бил во врска и со британската старлета Кејти Прајс. Се запознале на фотосесија за магазинот Esquire во 1998 година, а потоа долго време биле на удар на таблоидите.
F1 driver Ralf Schumacher always denied having a relationship with Katie Price – while the model openly promoted the affair. pic.twitter.com/WKDZvJQMyQ
— Sports & Betting History by BestBettingSites (@CDCHistory) July 15, 2024
Се верува дека токму Шумахер бил виновникот за тоа што убавицата ја раскинала свршувачката со Ворен Фурман.
По кратката врска со Кејти Прајс, Ралф ја запознал манекенката Кора Бирнкман, со која се оженил во 2001 година, а потоа го добиле синот Давид.
Поминал 14 години во брак со Кора, а потоа се развеле, по што имале климав однос, но денес, наводно, ги средиле работите.
14 години била во брак со Шумахер: Дали Кора знаела дека нејзиниот сопруг е геј и како реагирала?