Почетна Убавина и здравјеПрв му честита Боки 13, а еве каква венчаница носеше невестата! – Убавина и здравје

Прв му честита Боки 13, а еве каква венчаница носеше невестата! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Избраничката на Стефан блесна во елегантна венчаница

Стефан Филиповски од „Некст тајм“ синоќа се венча со својата избраничка, белграѓанката Тинеа.

Тие веќе неколку години се во врска, а сега ја крунисаа својата љубов со свадба.

На социјалните мрежи прв им честита Бојан Јовановски – Боки 13, кој објави фотографии од младенците и напиша:

„Вечни да сте, благословени и полни со љубов и почитување. Забавата може да почне.“


Поврзани објави

Под неговата објава веднаш почнаа да се нижат честитки и од други наши познати лица, како Весна Петрушевска и Даниел Николовски, кој инаку се погрижил за шминката на невестата.

Од фотографиите може да се види дека Стефан одбрал елегантен смокинг за оваа пригода и притоа си го задржал својот заштитен знак и ја врзал косата во опавче. Невестата Тинеа, пак, блеснала во прекрасна долга венчаница со детали од тантела. Од накит одбрала дискретен ѓердан, а косата ја пуштила слободно да паѓа, навиткана во нежни кадрици.

Како ви се допаѓаат младенците?

ФОТО: Инстаграм