Почетна Убавина и здравјеОва е најбизарното барање што го добил од клиентка! – Убавина и здравје

Ова е најбизарното барање што го добил од клиентка! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Со години работи како жиголо и им зема и до 5000 евра на клиентките

Рајан Џејмс од Сиднеј со години работел во финансискиот сектор и водел, би се рекло, сосема обичен живот. Но судбината имала поинакви планови за него кога неговата тогашна девојка му разбудила нова, неочекувана страст.

„Почнав да се гледам со девојка која ми откри дека порано работела како ескорт-дама, а по една година врска одлучи повторно да се врати на таа работа“, раскажал Рајан во еден подкаст.

Тогаш сфатил дека ни самиот не е задоволен од дотогашната професија.

„Во тој период не бев особено задоволен од работата. Потоа си помислив: ‘Знаете што, и јас ќе пробам’. Тоа беше во 2013 година и оттогаш никогаш не сум зажалил“, открил Рајан.

Оттогаш заработува како платен придружник за жени, а истакнува дека неговиот распоред значително се разликува од вообичаеното работно време.

„Некои недели можеби имам само една клиентка, но можам да поминам цела недела со неа“, објаснува поранешниот финансиски работник и личен тренер, кој ретко има повеќе од една клиентка дневно.

Пакетот услуги го наплаќа и до 5.000 евра!

Иако интимните средби речиси секогаш се дел од неговата работа, многу од клиентките едноставно сакаат негово друштво за време на луксузни патувања и авантури.

„Во последниве неколку години посетив многу места низ Австралија. Одморалишта, излети и најразлични забавни активности. Бев во бројни винарници, одев во потрага по тартуфи, возев мотоцикл по неасфалтирани терени, нуркав… Што и да ви падне на памет“, раскажува тој за тоа како изгледа неговата работа.


Поврзани објави

За вакво друштво и третман, жените се подготвени да издвојат сериозна сума. Стандардниот пакет на овој 34-годишник чини 3.500 евра, додека шестчасовното „опуштање и уживање“ – кое вклучува ноќно излегување, будење покрај Рајан и заеднички појадок – чини дури 5.000 евра!

Рајан признава дека ја сака својата работа и дека вистинско задоволство му претставува да им угодува на жените. Сепак, неговото семејство не дознало веднаш со што се занимава.

„На пријателите брзо им кажав, а семејството дозна подоцна. Имаше најразлични реакции, но односите останаа добри. Сепак, никогаш не би сакал моето дете да ја избере оваа професија“, искрено признава Рајан.

Што најчесто бараат жените?

На прашањето што најчесто очекуваат клиентките од него, Рајан дал одговор што можеби ќе изненади многумина. Наместо некакви диви фантазии, најчесто станува збор за нешто сосема едноставно и вообичаено.

„Жените најчесто бараат запознавање и вечера. Тоа подразбира типичен оброк и меѓусебно запознавање, по што следува враќање во хотелот или станот на клиентката“, објаснува тој.

Златното правило што треба да го знае секој маж

Како искусен платен придружник, Рајан има еден клучен совет за сите мажи кои сакаат да ја усреќат жената – а тој е исклучително едноставен.

„Слушајте што ви кажува и обрнете внимание на нејзиниот говор на телото. Не постои некаков таен трик со кој ќе ја освоите. Треба да знаете да го читате нејзиниот говор на телото и, уште поважно, да го слушате она што ви го кажува. Сум слушнал многу приказни од жени кои му кажувале на мажот што сакаат, а што не им се допаѓа, но тој едноставно ги игнорирал. Затоа, ако треба да издвојам само еден совет што е поважен од сите други, тоа е: слушајте што ви кажува личноста покрај вас“, заклучил тој.

ФОТО: ИНСТАГРАМ