За да забите бидат здрави во организмот треба да се внесува многу витамини топиви во маснотии, а тоа се А, Д, К2 и Е витамин
Бидејќи станува збор за дентално здравје, покрај конецот и пастата за заби многу е важно да се води сметка и за продуктите кои ги регенерирааат забите, смета австралискиот стоматолог.
Авокадото е добро за сјајна кожа, протеините за изгрдба на мускулите, а за здравјето на забите освен секојдневната употреба на конец за заби и нивното задолжително миење два пати дневно, треба да водиме сметка и за продуктите кои ги внесуваме во организмот, предупредил др. Стивен Лин, откривајќи дека на листата продукти кои го чуваат денталното здравје се путер, салама и меки сирења.
На својата интернетска страна пишува дека многубројни пациенти кои редовно ги мијат забите два пати дневно и користат конец почесто завршуваат на забарското столче со кариес од оние кои не водат толку голема грижа за хигиената на забите.
Тој тврди дека тоа зависи од продуктите кои ги внесуваме во организмот.
„Забите се витални, живи органи и изискуваат правилна исхрана за да се регенерираат и одржат соодветно количество глеѓ и забните коски или дентин. Без правилна исхрана тие ќе се борат да останат цели и неоштетени“ вели австралискиот стоматолог.
Ако конзумирате многу витамини и минерали забите ќе се регенерираат по природен пат и ќе бидат цврсти и здрави. Но, ако здравите нутриенти изостанат, бактериите и киселините од усната шуплина ќе го спречат тој природен процес и ќе влијаат на брзото пропаѓање на забите.