Почетна ЕкономијаКарасин: Русија и САД продолжуваат преговори со меѓународно посредување

Карасин: Русија и САД продолжуваат преговори со меѓународно посредување

од nenad
1 минути читај за

Дијалогот меѓу експертските групи на Русија и САД, кој се одржа вчера во Саудиска Арабија, беше предизвикувачки, но продуктивен за двете страни, а разговорите ќе продолжат со интернационално посредништво, рече Григориј Карасин, претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата.

“Се разговараше за многу прашања. Дијалогот беше напорен, но многу корисен.” изјави Карасин.

Иако не беше сè решено, самиот факт дека средбата се одржа е од големо значење, особено во контекст на доаѓањето на новата администрација и политичарите кои учествуваа во разговорите, изјави Карасин за ТАСС.

Според неговите зборови, преговорите ќе продолжат со учество на меѓународната заедница, вклучувајќи ги Обединетите нации и одредени држави.

“Останува впечатокот дека ова беше конструктивен дијалог, кој е неопходен и корисен за двете страни. Американците исто така покажаа интерес за продолжување на разговорите,” додаде Карасин.

Делегациите на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави синоќа, по повеќе од 12 часа, ги завршија разговорите во Саудиска Арабија и го договорија текстот на заедничката изјава, што се очекува денеска да ја објават Кремљ и Белата куќа.

Како што претходно информираше Кремљ, состанокот главно бил фокусиран на Црноморската иницијатива, која беше и тема на разговор за време на последниот телефонски разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп на 18 март.

Советникот за национална безбедност, Мајкл Валц, претходно потврди дека делегациите ќе се фокусираат на прашањето за прекин на непријателствата во Црното Море.

Тој изјави дека во следната фаза од преговорите, Русија и САД ќе дискутираат за прашања поврзани со верификацијата на примирјето, мировен контингент, како и сопственоста на територии.
јт/Фото: ЕПА .

Извор: МИА