Српската пејачка Драгана Мирковиќ заминала во Италија со синот Марко и неговата девојка Мелани, а пригодата била посебна и прекрасна.
Тие биле гости на свадба, од која споделија прекрасни заеднички фотографии.
Драгана за оваа пригода носела виолетова, деколтирана тоалета со шлиц, додека нејзиниот син Марко се одлучил за беж костум и кафеава вратоврска.
Снаата Мелани била облечена во елегантна, бело-розова комбинација, а заедно позирале насмеани.
Драгана ја сподели објавата со краток опис на англиски: „Љубов“, со што докажа дека ја поддржува врската на својот син и дека убаво ја прифатила новата снаа.
На други фотографии ја гледаме пејачката покрај море како носи очила за сонце.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/dragana_mirkovic/?hl=en