Почетна Убавина и здравјеКако да купуваш мудро овој Black Friday?

Како да купуваш мудро овој Black Friday?

од nenad
2 минути читај за

Има уште малку време до Black Friday, но сезоната на добри зделки на Ananas веќе цел месец е во тек! На Ananas имаш толку многу можности за шопинг и уште повеќе атрактивни понуди, но времето е ограничено и мораш добро да се подготвиш. А за да не чекаш до последен момент и да купиш нешто „на брзање“, прочитај го овој водич кој ќе ти помогне да купуваш мудро и исплатливо овој Black Friday викенд.

Пред шопинг

Идентификувај што ти е потребно и направи план за шопинг

Колку и да се атрактивни цените за време на Black Friday, сепак мора да имаш приоритет за да добиеш најмногу за цената која ја плаќаш. Сигурно некои работи ти се потребни од некои други – затоа, направи список со работите кои сакаш да ги купиш, така што приоритетните работи ќе дојдат први, а споредните производи ќе бидат само алтернатива во случај да ти останат пари.  

Колку сакаш да потрошиш?

Најлесниот начин да одлучиш што навистина ти е потребно, а што би сакал да го имаш само ако се укаже вистинската можност е да го испланираш буџетот кој го имаш на располагање. Ако навреме си одредиш горна граница за трошење и се придржуваш до неа, навистина ќе си го олесниш шопингот без да се залетуваш по атрактивни понуди на производи кои не ти се потребни. Затоа, не брзај и испланирај го Black Friday  шопингот според твоите потреби и можности.

За време на шопингот

Провери ги рецензиите – како позитивните, така и негативните

Една од најдобрите работи во поврзаниот свет во кој живееме е фактот што за практично секој производ на светот веќе има достапна рецензија на интернет, најчесто напишана од друг корисник. А токму рецензиите можат да ти помогнат да одлучиш дали некој производ ти е потребен, дали е токму тоа што го бараш и ќе дознаеш повеќе за корисничкото искуство кое го имале другите луѓе.

Што да купуваш?

Како и секој Black Friday, некои категории на производи се исплати да се купат повеќе од некои други. Такви се на пример категориите бела техника, производи за нега и убавина и секојдневна технологија како таблети, слушалки, звучници и слично. Затоа редовно проверувај ја веб-страната на ananas.mk и пронајди ги најдобрите понуди кои одговараат на твојот буџет.

Не брзај и купувај опуштено на Аnanas

Една од најголемите предности на онлајн шопингот е тоа што те поштедува од чекање во редици и буткање низ гужви секојпат кога ќе сакаш да купиш нешто. Ама со Аnanas, сето тоа е минато. Нема потреба од брзање и стоење со часови, ниту пак маневрирање низ густиот сообраќај за да стигнеш на точното време и во точната продавница. Со Ananas, едноставно го одбираш производот кој ти е потребен, го ставаш во кошничка и откако ќе ја потврдиш нарачката, истиот ќе ти биде доставен на адресата каде што посакуваш.

И да, навистина е толку лесно.

Клик! – Го избираш производот со еден клик на интернет.

Бум! – Добиваш добри зделки и специјални понуди.

Трас! – Брза достава директно на твојата адреса.

Клик! Бум! Трас! Ананас!