Почетна Економија21 кандидат конкурираат за нов македонски судија во Судот во Стразбур

21 кандидат конкурираат за нов македонски судија во Судот во Стразбур

од nenad
1 минути читај за

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија известува дека на отворениот конкурс за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, до 29 април годинава, се добиени вкупно 21 пријава.

Според информациите објавени во одредени медиуми, меѓу апликантите има судии, јавни обвинители и адвокати.

„Во наредниот период, Меѓуресорската Комисија формирана со одлука на Владата на Република Северна Македонија, ќе ги разгледа пристигнатите апликации, ќе изврши интервјуирање на кандидатите и ќе пристапи кон процес на нивно рангирање, со цел предлагање на тројца кандидати до Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Советот на Европа, согласно член 22 од Европската Конвенција за Човекови права (ЕКЧП)“, информираат од МНРиНТ.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија исто така наведуваат дека постапката за селекција ќе се реализира во склад со утврдените мерила и процедури, со цел да се гарантира отвореност и непристрасност при избирањето на најкомпетентните кандидати за оваа важна функција.

Од 2017 година, македонски судија во Европскиот суд од нашата држава е Јован Илиевски. Деветгодишниот мандат на новиот судија ќе започне на почетокот на 2026 година.