Пејачката откри дека е благодарна што нема балканско семејство кое ќе ѝ наметнува постојани прашања за брак и деца
Милица Тодоровиќ, една од најпопуларните пејачки на Балканот, сподели искрена изјава за семејните притисоци на кои се соочуваат многу луѓе во регионот. Таа откри дека никогаш не била изложена на типичните балкански прашања и наметнувања од страна на родителите, кои често ги прашуваат младите кога ќе се омажат/оженат, кога ќе имаат деца и кога ќе ги направат внуците.
Не знаете која среќа е да сте од Балканот, а да немате балканско семејство. Семјеството кое не те прашува 100 пати на ден за тоа колку години имаш, кога свадба, кога деца, чекаме внуци… Таа слобода и мир ми се драгоцени“, изјави Милица, објаснувајќи дека тоа што не е подложена на такви прашања ѝ овозможува да живее живот по свои правила.
Поврзани објави
Тодоровиќ истакна дека многу млади на Балканот се чувствуваат притиснати од традиционалните вредности и очекувањата на семејството да постигнат нешто што тие сами можеби не го сакаат во тој момент. За неа, оваа слобода е важен фактор во нејзината професионална и лична среќа, која се стреми да ја одржи.
Во изјавата, Милица ја нагласи и важноста на тоа да се има простор да се развиваш како личност, без да бидеш постојано оптоварен со туѓи очекувања. Нејзината искреност и храброст да зборува за оваа тема ја направија уште популарна и почитувана меѓу младите.
Фото: printskrin Youtube/ Blic TV