Пејачката откри дека имала многу шокови кога прв пат пристигнала во главниот град и ги опиша првичните впечатци
Милица Павловиќ, една од најпопуларните пејачки на балканската сцена, сподели искрени и неочекувани впечатоци за своето прво искуство во Белград. Таа откри дека кога прв пат пристигнала во главниот град, била шокирана од луѓето и животот во метрополата.
Прв пат кога дојдов во Белград си реков: ова е џунгла. Тоа што си мислиш дека е претерано за нив, овде е сосема нормално“, откри Милица.
Пејачката вели дека почетните впечатци биле многу непријатни, бидејќи наидувала на многу нафурани и некултурни луѓе.
Кога прв пат дојдов си реков: тоа е тоа, многу нафурани, некултурни луѓе. Страшно“, сподели таа.
Поврзани објави
Сепак, по некое време, Павловиќ сфатила дека градот има свој ритам и дека мора да се навикне на него ако сака да напредува во кариерата.
Се прилагодив и разбрав дека тоа е начинот на кој Белград функционира. Сите тие ‘нафурани’ луѓе имаат свои причини за тоа“, објасни пејачката, нагласувајќи дека тоа бил само дел од процесот на адаптација.
Признанието на Милица Павловиќ предизвика многу реакции кај нејзините фанови, кои ја разбраа нејзината искреност и храброст да зборува за сопствените искуства. Иако со време навикнала на животот во Белград, таа не ги заборавила своите почетоци.
Фото: printskrin Youtube/ ZaSe Makedonija