Бриџит Фонта сега изгледа многу послабо и тоа го потврдуваат најновите папарацо-фотографии
Бриџит Фонда е значително послаба и тоа го потврдуваат најновите фотографии од понеделникот, кога актерката била видена во Лос Анџелес.
Таа го прославила својот 61. роденден со синот на прошетка, а во таа пригода, папараците ја фотографирале видно ослабената актерка.
Што се случило со Бриџит Фонда?
Во 1990-тите години, Бриџит била на врвот на кариерата. Филмовите во кои се појавувала оваа атрактивна русокоса биле блокбастери, а потоа, таа едноставно исчезнала.
Поврзани објави
Веќе 20 години живее далеку од очите на јавноста. Во 2002 година одлучила да се повлече од кариерата, за да се грижи за децата заедно со сопругот композитор.
И додека таа се занимавала со семејството и децата, нејзиниот сопруг Дени Елфман бил обвинет за сексуално злоупотребување, искористување на својата моќ и мастурбација над жена која спиела покрај него.
Две различни жени го обвиниле за злоупотребување, додека тој се согласил да плати отштета од 830.000 долари за едно од обвинувањата.
И покрај тоа, Бриџит останала во брак со 10 години постариот Елфман, но никогаш не се појавиле заедно во јавност.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @pagesix