Ви го откриваме најдобриот рецепт за лутеница
Состојки:
- 3 кг пиперки
- 2 кг домати
- 2 помали главици лук
- 4-5 помали лути пиперки
- 1 врзоп свеж магдонос
- 1 лажиче шеќер
- 150 мл масло
- 1,5 лажица оцет
- сол (по вкус)
Приготвување:
Поврзани објави
Испечете ги пиперките. Ставете го доматот во зовриена вода додека лушпата почне да се одвојува, па префрлете го во подлабок сад. Излупете ги пиперките, исечкајте ги на коцки и ставете ги во чинија. Исечкајте го на коцки и исчистениот домат. Исечкајте ги лутите пиперки и изблендирајте ги. Изгмечете го лукот.
Сипете масло во тенџере, па кога ќе се загрее, додајте ги пиперките и пржете ги 5 минути. Потоа, додајте ги доматот и лутите пиперчиња. Додајте половина главица лук и лажиче шеќер.
Сето тоа добро измешајте го и гответе го на умерена температура, па по 20 минути, додајте ја втората половина од лукот. Постојано мешајте. Кога лутеницата ќе добие густина, додајте магдонос. На самиот крај, додајте 1,5 лажица оцет и посолете по вкус. Префрлете ја врелата лутеница во загреани тегли.
ФОТО: Ulvi Safari / Unsplash