Пејачката откри дека веќе една година ужива во љубовта, а искрено зборуваше и за скандалозните пораки што ја потресоа јавноста.
Пејачката Дара Бубамара ги изненади сите на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ кога пристигна со своето момче, а пред камерите падна и првиот јавен бакнеж. Таа откри дека нивната врска трае веќе една година, но досега немала потреба јавно да го експонира партнерот.
Дара призна дека врската станала уште посилна откако нејзиниот избраник, кој до неодамна живеел во Дубаи, отворил фирма и во Белград. Пејачката низ насмевка спомена дека не ја исклучува можноста и за проширување на семејството.
Освен за љубовта, таа проговори и за новата песна „Од 4 до 7“, која настана по скандалот со експлицитните гласовни пораки. Дара откри дека песната и спотот биле завршени за многу кратко време, а за време на снимањето момчето и брат ѝ ѝ помагале со текстот.
Поврзани објави
Пејачката откри и како реагирале нејзиниот син и партнерот на целата ситуација. Според неа, најважно било да остане насмеана и да не дозволи негативните коментари да ја погодат.
printskrin youtube -RTV Pink Official dara bubamara 1