Имаме само еден живот – немојте да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години, а не сте ги направиле работите за кои сте сонувале
Годините поминуваат додека да трепнеш. Затоа, ви пренесуваме неколку мудрости што треба добро да ги запомните и примените за да живеете што поубаво и за да не се каете во староста за пропуштените шанси.
1. Најважната личност во вашиот живот е таа што се согласила да го дели својот живот со вас. Така и однесувајте се со неа.
2. Можеби ќе имате долг живот, а можеби ќе биде краток – тоа никој не го знае, но во секој случај, верувајте дека подоцна ќе се каете што не сте се грижеле повеќе за себе во младоста.
3. Предметите се само предмети. Немојте да се опседнувате со материјални нешта, туку ценете го времето и искуството.
4. Љубомората ги уништува врските. Верувајте ѝ на вашата друга половина, бидејќи кому друг ќе му верувате ако не нејзе.
5. Годините минуваат додека да трепнеш. Живејте со полни гради. Патувајте. Занимавајте се со некое хоби. Додека никој не зависи од вас, не купувајте премногу работи. Видете го светот!
6. Вистинскиот пријател ќе дотрча ако му се јавите во два наутро. Сите други се само познајници.
7. Редовно плаќајте ги сметките и одбегнувајте долгови за да не сфатите подоцна дека со парите што сте ги дале за камати низ годините, сте можеле да купите вредни работи.
Поврзани објави
8. Наместо да праќате порака, кренете слушалка и јавете му се некому – на родителите, пријателите, на некој што не сте го чуле долго. Тоа се мигови што треба да се ценат.
9. Никој никогаш не умрел каејќи се што не работел повеќе. Бидете вредни, но никогаш немојте да ја ставате работата пред семејството, пријателите или себеси.
10. Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар или како да сте имале мозочен или срцев удар – за никогаш да не ви се случи тоа.
11. Мијте ги забите и редовно чистете ги со конец, бидејќи проблемите што можат да настанат се ужасни, особено во староста. И тоа многу чини!
12. Зглобовите што ќе ги повредите денес, ќе ви се одмаздат подоцна. Дури и ако мислите дека комплетно сте закрепнале.
13. Имаме само еден живот. Немојте да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години, а не сте ги направиле работите за кои сте сонувале.
14. Децата брзо растат. Максимално искористете го времето што го поминувате со нив.
15. Никогаш не судете ги луѓето според расата, националноста, годините и гардеробата што ја носат. Претпоставките засновани на предрасуди ви го ограничуваат животот во секоја смисла.