Актерката Аналин Мекорд во една пригода открила дека била зависна од интимни односи
Актерката Аналин Мекорд се прослави со улогата во серијата „Новите дечки од Беверли Хилс“, а во една пригода открила како изгледало снимањето, како и дека многу сцени не ѝ биле пријатни.
„Целото мое тело паничеше, како да станува збор за реален живот. Тие моменти излегуваа на виделина преку мојата работа. Тогаш не разбирав ништо за мојот ум и за мозокот. Само се обидував да си ја вршам работата, а не можев“, рекла актерката.
Исто така, актерката во една пригода открила дека била жртва на сексуален напад кога била дете во 2012 година. Тоа оставило длабоки последици врз неа, а кога отишла на психијатар, ѝ била поставена дијагноза.
„Нема зошто да се срамам. Пред една година се лекував од посттрауматично стресно нарушување. Мојот мозок не се грижеше за квалитетот на мојот живот, само сакаше да продолжи да живее. Сакам да се подобри квалитетот на мојот живот и затоа го започнав овој процес на закрепнување“, појаснила таа.
Актерката била склона на садо-мазо односи, а своевремено отворено зборувала за својот некогашен разуздан стил на живот во поткастот Braving The Way With Dr Fletch.
„На луѓето им велев: ‘Да, твоето тело е храм, моето тело е бордел.’ Имав морбидна смисла за хумор во врска со тоа. Можев да имам секс по цел ден, секој ден и никогаш да не се уморам и никој не можеше да ме следи“, раскажала атрактивната русокоса.
Поврзани објави
Но актерката решила да се откаже од ваквиот стил на живот и се свртела кон духовноста. Исто така, објавила дека е во нова љубовна врска.
Нејзиниот нов партнер е Дени Сипријани, прославен британски рагбист, кој и самиот бил зависник од сексуални односи и своевремено признал дека спиел со три жени на ден и дека сексот му требал како што на алкохоличар му треба пијалак.
Претходно била со Доминик Пурсел, со кого била во врска од 2014 до 2020 година, а преку него и се запознала со фетишистичката страна на сексуалните односи.
„Не се дрогирав ниту пиев алкохол, ми требаше само секс, бев како дупка без дно. Бев ненаситна“, раскажала таа.
„Бев врзана за кревет во темница и бев свртена кон ѕидот, а тој беше зад мене. Прекрасен човек, бев толку слободна со него“, рекла таа.
Тие сепак раскинале по една година, кога тој ѝ кажал на Аналин дека ќе биде ставен на црната листа на актери ако продолжи да се гледа со неа.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @theannalynnemccord