Почетна Убавина и здравјеНи роденото дете не ја препознава веќе! – Убавина и здравје

Ни роденото дете не ја препознава веќе! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Кејти Прајс имала повеќе од 100 операции, но и понатаму ја гледа најгрдата жена во светот кога ќе се погледне во огледало

Британската моделка Кејти Прајс се појавила во јавност по шест операции на лицето. Кејти позирала покрај базен со синот Харви. Нејзините зголемени гради веќе 17 пати биле оперирани, но таа со задоволство му ги покажува на светот.

Интересно е што Кејти првпат се оперирала кога имала 18 години, иако немало потреба за тоа.

Имено, поранешната манекенка за Плејбој имала убави, природни црти на лицето, па јавноста се шокирала кога решила да се оперира. Кејти ги коригирала носот, устата, јаболчните коски, очните капаци, градите, задникот и така натаму. Тешко е да се набројат сите нејзините операции, бидејќи ги има повеќе од 100.

Само градите ги има зголемено 16 пати, што и самата го признала.

„Тажно е тоа е што и понатаму се чувствувам грдо, иако многупати легнав под нож“, рекла Кејти.


Поврзани објави

Првпат се оперирала како тинејџерка, но денес смета дека возрасната граница за добивање согласност за операција би требало да се покачи на 21 година.

„Се плашам за сите тие силни девојки кои толку млади ставаат филери и така си го уништуваат лицето. Јас лично зажалив што првпат ги зголемив градите на 18 години. А што се однесува до моето лице, свесна сум дека изгледа вештачки, навистина претерав со зафатите, но немам право да се жалам. На крајот на краиштата, сама си го направив тоа. Сум имала повеќе операции на градите одошто поранешни љубовници! Не ни знам колку пати ги имам коригирано“, рекла Кејти.

На прашањето дали е задоволна од изгледот, кратко одговорила: НЕ!

„И сега кога би биле во соба за шминкање и би се погледнала во огледало, би помислила: ‘толку сум грда’“, му одговорила таа на водителот.

Во меѓувреме, додека била на одмор во хотел во Турција, некои од гостите се жалеле поради тоа што оставала траги од крв во базенот, како последица на најновите естетски зафати на лицето. Погледнете ги фотографиите ТУКА.