Пејачката Николија Јовановиќ привлече големо внимание со своето појавување на еден настан во српската престолнина, каде што се појави во проѕирен фустан. Пред присутните новинари, таа зборувала за претстојниот концерт, возбудата околу подготовките, но и за приватниот живот и неодамнешната венчавка со долгогодишниот партнер Реља Поповиќ.
Пејачката откри дека по цели 12 години врска двајцата одлучиле да стапат во брак, и тоа во целосна тајност. На изненадување на многумина, на церемонијата не присуствувала ниту нејзината мајка, пејачката Весна Змијанац, која дознала за венчавката дури откако сè било завршено.
Николија, која сега и официјално го носи презимето Поповиќ, не го криела задоволството од новото животно поглавје. Освен за бракот, таа зборувала и за здравствената состојба на мајка си, откривајќи дека музиката и понатаму е она што ѝ дава најголема сила и животна енергија.
Осврнувајќи се на претстојниот концерт, Николина признала дека подготовките одат одлично, но дека поради возбудата речиси и не спие.
„Јас сум хедонист и сакам да уживам. Подготовките за концертот одат многу добро, не спијам, многу сум среќна и возбудена. Се трудам да уживам во сето тоа, имам позитивна трема, а бројот на билети што ги добиваме за да ги поделиме е ограничен“, изјавила пејачката.
Потоа се осврнала и на тајната венчавка со Реља, за која јавноста дозна неодамна.
Николија открила дека одлуката за брак дошла во нивниот вистински момент, без да се оптоваруваат со очекувањата на јавноста.
„По 12 години. Секој има свое темпо и свој вистински момент, а ова беше нашиот и за мене најубавиот на светот. Немав никакви очекувања за тоа што ќе каже јавноста. Сега се презивам Поповиќ и сите ми велат дека сум се разубавила“, раскажала таа.
Пејачката потврдила и дека нејзината мајка Весна не била на венчавката, бидејќи никој не знаел дека таа и Реља планираат да се венчаат.
„Весна не беше на свадбата, никој не знаеше. Тоа беше изненадување за мојот роденден, па потоа заедно отидовме на ручек“, открила Николија.
Таа додала дека воопшто немала страв или дилеми околу одлуката, но признава дека можеби ќе било поинаку доколку однапред знаела како ќе се одвива целиот настан. На венчавката присуствувале и нивните ќерки, кои биле многу среќни поради важниот семеен момент.
Во разговорот пејачката се осврнала и на здравствената состојба на својата мајка. Таа открила дека Весна е добро, но дека нејзината состојба варира од ден на ден и дека семејството мора да има разбирање за тоа.
„Весна е добро, се држи, еден ден е вака, друг ден онака, мораме да имаме разбирање. Не можам да ѝ кажам да престане да пее, таа живее за тоа. Покрај нас, пеењето ѝ дава животен елан“, рекла Николија.
Со овие зборови таа јасно ставила до знаење дека музиката има посебно место во животот на нејзината мајка и дека настапите за Весна се многу повеќе од професионална обврска – тие се извор на сила и мотив за живот.