Георгина Родригез го кажа своето мислење веднаш по натпреварот.Светското првенство во Катар го привлече вниманието на целиот свет. Светот погледна кон фудбалерите и теренот, како и се што се случуваше надвор од теренот и самата игра.Нивните поубави половини отпатуваа со фудбалерите на Мундијалот, бодрејќи ги и со големо внимание следејќи го секој чекор на теренот. Тие привлекоа големо внимание со својот атрактивен изглед, но една дама реши да се „замеша“ во самата игра и да ја прокоментира причината за поразот.Георгина Родригез се огласи на Инстаграм веднаш по поразот на Португалија, а нејзиниот убавец Кристијано Роналдо го заврши овогодинешното Светско првенство. Таа отворено го изрази својот гнев кон селекторот на Португалија, Фернандо Сантош поради неговата „погрешна одлука“ да го задржи Кристијано Роналдо на клупата во поголемиот дел од натпреварот. Поврзани објави„Денеска твојот пријател и тренер донеле погрешна одлука. Тој пријател за кого имавте толку многу зборови на восхит и почит. Истиот што виде како се се смени кога те извади на терен, но веќе беше доцна. Не можете да го потцените најдобриот фудбалер на светот, вашето најмоќно оружје. Уште помалку, некој треба да застане во одбрана на оние кои не го заслужуваат тоа. Животот нè учи на лекции. Денеска не загубивме, дознавме“, стои во изјавата на Џорџина покрај фотографијата на Роналдо.Ден по поразот, семејството на Роналдо си отиде дома, а Геогрина преку интернет им се заблагодари на сите за поддршката.
„Не можете да го потцените најдобриот фудбалер на светот“ (ФОТО) – Убавина и здравје
79
претходен текст