Почетна Убавина и здравјеИсповед на човек кого децата го напуштиле и заборавиле – Убавина и здравје

Исповед на човек кого децата го напуштиле и заборавиле – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Исповедта на овој човек кој 30 години го чека синот да го посети е преполна со емотивни детали

Претераното угодување на другите, а особено на децата, знае да им се одбие од глава на многу луѓе, за што неретко сведочат исповедите на разни луѓе ширум светот.

Таква е исповедта на пензионерот Петар, кој секогаш се ставал себеси во втор план, за да ги задоволи најпрво потребите на сите други околу него.

„Прво децата, па јас. Кога би можеле, моите солзи одамна би ја избришале болката што си ја нанесов самиот на себе токму поради тоа што мислев дека можам да дадам сè и да им угодам на сите. Бев на последно место и за самиот себе и за другите, единствениот што не добил ништо од никого. Децата зедоа сè и си заминаа“, напишал очајниот татко.


Поврзани објави

Синот си го нема видено 30 години.

„Не постои вистинска причина зошто. На синот му дадов сè што може еден татко да даде, па и повеќе од тоа, му го посветив животот. Сега сум болен старец кој седи дома покрај прозорецот и гледа во далечина, со надеж дека ќе си го здогледа синот. И не само синот. Би сакал да го запознам и неговото семејство, пред сè, мојата внука за која знам дека постои, но никогаш не сум ја видел.

Само јас си знам колку е сето ова тешко. Живеам со илјадници прашања што ме мачат од ден во ден и ја трпам мојата болка гледајќи во далечина“, вака завршува исповедта на пензионерот.

Тешко е да се допре до тврдите срца, но надежта последна умира, а тоа може да се заклучи и од оваа несреќна судбина.

ФОТО: JD Mason / Unsplash