Многумина се прашуваат која е тајната на изгледот на најзгодната жена на Балканот, а нејзините трикови се многу едноставни
Велат дека најубавата Балканка изгледала сосема поинаку пред пластичните операции. Но ретко кој би можел да им одолее на убавината и шармот на познатата романска манекенка Мадалина Генеа, па често ја нарекуваат една од најубавите Балканки.
Сепак, и таа, како и секоја жена, имала проблем со вишокот килограми кои најчесто се „лепат“ на колковите, стомакот и бутовите. Штом качи некој килограм повеќе, Генеа почнува да ја практикува популарната диета со автофагија.
„Не сум доктор, па не можат да препорачам ништо, но можам да кажам што ми помогна мене. Често практикувам периодичен пост и тоа на мене дејствува како прочистување. Го испробав тоа, ми се допадна и сега често го применувам кога ми треба“, раскажала Генеа.
Поврзани објави
Нејзиниот режим на слабеење е особено ефикасен пред летниот период, бидејќи е еден од најбрзите начини да го доведе телото до совршенство за на плажа.
„Постојат неколку опции. Една од нив е 6/18, односно јадам шест часа, постам 18 часа и не ми е тешко да издржам. Потоа, 5/2, односно имам пет дена во неделата кога јадам нормално и два дена кога не јадам речиси ништо и сѐ така наизменично“, додала таа.
Она што ја прави Мадалина атрактивна и згодна е и нејзиниот став. Секогаш оди исправена, а така и седи. На тој начин, телото изгледа позатегнато и визуелно послабо.
Мадалина е и горда мајка на девојче што го доби од врската со романскиот бизнисмен Метхев Стратан, а по породувањето успеа да ја доведе линијата до совршенство.