Ова е вистината за разводот
Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ и понатаму не сакаа да ги коментираат наводите дека се разведуваат, не обрнувајќи им внимание на злонамерните коментари. Сопружниците сметаат дека нема да добијат ништо со тоа што ќе ги демантираат, а сега пристигна потврда дека сѐ е во совршен ред во нивниот брак и тоа преку Инстаграм каде што пејачката е многу активна.
Таа со своите следбеници сподели прекрасни кадри, а причината за големата прослава е што сопругот на фолк-пејачката го прослави својот јубилеен четириесетти роденден.
Сека Алексиќ и Вељко Пиљиќиќ не штеделе пари за да ги почестат пријателите, членовите на семејството и себеси во пријатното попладне и да прослават како што доликува, па на еден познат салаш приредија бајковита веселба.
Поврзани објави
Среќен роденден. Тато наполни 40 години – му порача пејачката на својот сопруг во описот на заедничката фотографија која ја открива сета убавина на нивната семејна идила.
Фото: Инстаграм