Ќе има свадба!
Актерот Милош Биковиќ и неговата девојка Ивана Малиќ наскоро еден кон друг ќе се ветат на вечна љубов и верност.
Биковиќ и неговата избраничка го изговориле судбоносното „да“ во кругот на најблиските луѓе, семејство, пријатели и кумови, а сето тоа го држеле во тајност.
„Познато е дека Милош не сака јавно да изнесува детали од приватниот живот. Сака да избегне помпа, еуфорија и чинот на венчавањето да биде во строга тајност. Откако Ивана останала бремена, тие двајца разговараа на таа тема и официјално да стапат во брак, а тоа ќе се случи пред да станат родители“ – рекол извор за српските медиуми.
Поврзани објави
Откако беше дознато дека ќе стане татко, Милош Биковиќ решил максимално да се посвети на таа улога. Со идната сопруга тој веќе го подготвува и го реновира животниот простор.
Покрај тоа, тој и помага на идната сопруга за да може таа да одмара во благословената состојба, а според зборовите на неговите пријатели, тој ја третира како кралица.