Автори на студија утврдиле дека според мажите, бринетите се грижат подобро за својот изглед, готват подобро и темелно ја одржуваат чистотата во домот, пишува весникот Daily Telegraph, повикувајќи се на резултатите од истражувањето, направено во Велика Британија меѓу 1000 претставници на посилниот пол по нарачка на синџир продавници за популарна козметика.Меѓу останатите квалитети кои се достојни за сопруга, кои според претставниците на посилниот пол го поседуваат бринетите, се склоноста кон експериментите во креветот и подоброто ракување со финансии.
Податоците од анкетата покажуваат дека 54 проценти од мажите би одбрале бринета за сопруга, 16 проценти русокоса, а за 30 проценти бојата на косата не е важно.Кога треба да изберат пријателка, 48 проценти од претставниците на посилниот пол преферираат бринета, 25 проценти блондинки, а 27 проценти не даваат значење на бојата нијанси на косата.
Колку од мажите ги сакаат блондинките, а колку бринетите?!
80