80
Соединетите Американски Држави очекуваат дека Русија и Кина ќе продолжат да претставуваат предизвик во безбедносната сфера уште долго време, бидејќи светот станува се повеќе мултиполарен, изјави началникот на Здружениот Генералштаб на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили.
„Геополитичката ситуација се менува, и тоа во основа. За време на Студената војна, имаше само две големи сили. По падот на Берлинскиот ѕид, имаше период кога САД беа единствената велесила. Денес, станува се појасно дека сме во мултиполарна средина со најмалку три големи сили: САД, Русија и Кина“, рече Мили.
.