Table of Contents
Венчаницата веќе била избрана, салата резервирана, а нивните семејства со години биле блиски. Но додека чекала лет од Дубаи, Алиха добила порака што не можела да ја игнорира.
По 13 години врска, свршувачка и веќе почнати подготовки за свадбата, една порака на Инстаграм била доволна Алиха да се запраша дали бракот што го планирала воопшто требало да се случи.
Корисничката на TikTok, која се претставува како @lostnwonderr, раскажала дека неколку месеци пред венчавката дознала дека нејзиниот свршеник не ѝ ја кажал вистината за тоа каде ја поминал претходната ноќ. Нејзината исповед брзо станала вирална, со повеќе од 4,7 милиони прегледи и илјадници коментари.
По 13 години врска конечно се свршиле
Алиха го запознала својот поранешен свршеник преку својата сестра, уште додека таа била матурантка, а тој студент на прва година. Биле во врска цели 13 години, а се свршиле една година пред планираната венчавка.
Денес, кога се навраќа на случувањата, Алиха вели дека токму долгото чекање на свршувачката ѝ изгледа како знак што тогаш не умеела да го препознае. Нејзиното семејство со текот на годините го прифатило нејзиниот свршеник како член на семејството, па свршувачката за неа била особено емотивен момент. Набргу потоа резервирале сала и започнале со подготовките за свадбата.
Отишла во Пакистан по венчаницата, а од Дубаи добила порака што ѝ го сменила животот
Неколку месеци пред венчавката, Алиха со својата мајка отпатувала во Пакистан за да ги избере венчаницата и костумот за идниот сопруг.
На враќање кон Соединетите Американски Држави, имала преседнување во Дубаи, каде што неколку часа го чекала следниот лет. Му пишувала на својот свршеник, кој требало да ја пречека по слетувањето, но забележала дека одговара побавно од вообичаено. Во тој момент не му придавала особено значење.
А потоа, непосредно пред да се качи во авионот, ѝ стигнала порака од непозната жена.
Твојот свршеник вчеравечер не беше на риболов. Беше со мене, отидовме на пијалак во бар. Ништо не се случи, но сфатив дека е свршен. Многу ми е жал“, гласела пораката.
Го проверила неговиот Инстаграм и сфатила дека нешто не е во ред
Прво што направила било да провери што објавувал нејзиниот свршеник на социјалните мрежи претходната вечер. На неговиот Инстаграм профил видела објава од која можело да се заклучи дека навистина бил на риболов, токму како што ѝ кажал.
Алиха ѝ одговорила на непознатата жена и побарала доказ.
Во меѓувреме, го повикала својот свршеник и директно го прашала каде бил претходната вечер. Тој признал дека по риболовот со пријателите отишол и во бар, но не сакал да ѝ каже која била жената со која поминал време. Според Алиха, токму неговото однесување ѝ било доволно да сфати дека повеќе не може да му верува.
Фотографиите од неговата Tesla ѝ ги потврдиле сомнежите
Поврзани објави
Сомнежот станал уште поголем кога забележала дека нејзиниот свршеник престанал да ја следи токму жената која ѝ ја испратила пораката. Набргу потоа стигнале и дополнителни докази.
Непознатата жена ѝ испратила фотографии на кои се гледало дека се наоѓала во автомобилот на нејзиниот свршеник – Tesla. Кога Алиха му ги покажала фотографиите, тој, според нејзиното сведоштво, продолжил да тврди дека не направил ништо погрешно. За Алиха, неговата реакција била пресудна – сфатила дека довербата меѓу нив е сериозно нарушена.
По 13 часа лет, ја пречекал со букет цвеќе
За време на 13-часовниот лет назад кон САД, нејзиниот свршеник ѝ пишал дека ќе ја пречека на аеродромот заедно со својата мајка. Кога слетала, навистина го затекнала со букет цвеќе. Алиха смета дека со тоа сакал да ѝ покаже колку му значи, додека неговата мајка, како што тврди, воопшто не знаела што се случило претходно.
Свршеникот предложил прво да ја однесат неговата мајка дома, а потоа тој и Алиха насамо да разговараат.
Но Алиха веќе ја донела одлуката.
Инсистирала најпрво да ја однесат неговата мајка дома, а потоа директно му кажала дека нивната врска е завршена.
@lostnwonderr Part 1. 9 minutes of me over sharing my life 🙊 #grwm #storytime ♬ original sound – Aliha k
По 13 години врска ја откажала венчавката
Нејзината исповед предизвикала огромно внимание на TikTok, а најголем дел од коментарите биле поддршка за нејзината одлука да не го игнорира она што го дознала.
@lostnwonderr A little commotion for the dress ✨🤎 @MESHKI ♬ If Its Loving That You Want – MELODY MOOD
Многумина ја пофалиле и непознатата жена која решила да ѝ се јави и да ѝ ја открие информацијата.
Таа девојка те спасила, но уште повеќе те спасила твојата интуиција, затоа што си ги проверила барањата за пораки“, напишала една корисничка.
Видео: Тикток