Пејачот ја коментираше бомбата фрлена пред куќата на Здравко Чолиќ
По неодамнешниот напад со бомба на куќата на Здравко Чолиќ, многу јавни личности се загрижија за сопствената безбедност. Сега за ситуацијата проговори пејачот Хари Мата Хари. Тој изјави дека како јавна личност не се плаши дека нешто слично може да му се случи.
Мислам дека не сум толку важен, немам обезбедување. Не сум толку важен и нема што од мене да се земе“, рече Хари.
Пејачот додаде дека во кариерата не се збогатил преку ноќ, ниту некому пречел, и дека внимавал со кого се дружи.
Поврзани објави
Не се дружев со погрешни луѓе“, заклучи тој.
Подсетуваме, за бомбашкиот напад на куќата на Чолиќ се уапсени М. А., С. М. и П. С., на кои им е определен притвор до 30 дена. Се сомнева дека С. М. и П. С. биле директни извршители, а М. А. обезбедувал експлозиви не само за овој напад, туку и за инцидентот на Палилула на 20 ноември 2025 година.
printskrin youtube – jutarni list zdravko colic