Почетна Убавина и здравјеОвие вежби можат да помогнат за подобар и поквалитетен сон

Овие вежби можат да помогнат за подобар и поквалитетен сон

од nenad
1 минути читај за

Редовната физичка активност не влијае само на физичкото здравје, туку може значително да придонесе и за подобар сон. Умереното вежбање помага телото да се опушти, го намалува напнатоста и може да го подобри квалитетот на ноќниот одмор.

Меѓу активностите кои најчесто се препорачуваат за подобрување на сонот е брзото пешачење. Доволни се околу 30 до 45 минути дневно, со умерено темпо. Лесното трчање и возењето велосипед исто така можат да имаат позитивен ефект, особено ако се практикуваат редовно.

Добар избор се и јогата и лесното истегнување, особено во вечерните часови. Ваквите вежби можат да помогнат во намалување на мускулната напнатост и полесно опуштање пред легнување. Неколку минути бавно и контролирано дишење дополнително може да придонесат за смирување.

И вежбите со сила, како чучњеви, склекови или лесен тренинг со тегови, можат да бидат дел од неделната рутина. Најважно е физичката активност да биде редовна и прилагодена на кондицијата.

За подобар сон не е неопходно да се прават тешки тренинзи. Континуираното движење во текот на неделата, во комбинација со кратко истегнување и релаксација навечер, може да биде едноставен начин за поквалитетен ноќен одмор.