Table of Contents
Холивуд никогаш немал недостиг од мажи кои го освојувале срцето на публиката, но некои од најпознатите актери во индустријата веќе имаат потенцијални наследници – и тоа под сопствениот покрив.
Нивните синови ги наследиле познатите презимиња, впечатливиот изглед и, во некои случаи, истиот магнетизам пред камерите што нивните татковци ги претворил во големи ѕвезди.
Денес овие таканаречени „непо бебиња“ градат сопствени кариери, иако речиси невозможно е да ги избегнат споредбите со славните мажи што биле пред нив.
Некои, сепак, успеале да направат нешто повеќе од тоа – да ја освојат публиката со сопствен талент и постепено да се наметнат како нова генерација холивудски ѕвезди.
Еве шест синови на познати актери кои покажуваат дека славното презиме може да ја отвори вратата, но не може да гарантира успех.
1. Ричард Гир и Хомер Гир
Ричард Гир со децении важи за еден од најголемите холивудски заводници. Откако се прослави во 1980-тите, со улогите во „Офицер и џентлмен“ и „Убава жена“ се вброи меѓу најпознатите романтични ѕвезди на својата генерација.
Неговиот шарм не избледе ниту во следните децении. Публиката го гледаше во филмовите „Невеста бегалка“ и „Ќе танцуваме?“, а неговото име остана синоним за елегантниот холивудски романтичар.
Сега дел од вниманието е насочено кон неговиот најстар син, Хомер Гир, кој е роден во 2000 година во врската на актерот со манекенката и актерка Кери Лоуел.
Хомер студираше на Универзитетот „Браун“ од 2019 до 2024 година, а потоа реши да тргне по стапките на својот татко.
Во 2026 година го оствари актерското деби, а особено внимание привлече со првата голема улога во третата сезона на серијата „Еуфорија“ на HBO.
Покрај очигледната физичка сличност со татко му, Хомер привлече внимание и со својот изглед и природноста пред камерите. Неговата улога предизвика бројни реакции кај гледачите, а дел од нив особено ја пофалија неговата реалистична физичка градба.
Сакам да гледам нормални момци на телевизија, наместо само луѓе кои живеат во теретана“, коментираше еден гледач на мрежата X.
Самиот Ричард Гир со задоволство гледа како неговиот син се пробива во актерскиот свет.
Во интервју за „Пипл“, 76-годишниот актер со шега зборуваше дека е подготвен да му ја предаде „штафетата“ на Хомер и да се пензионира.
Горд сум на него на две нивоа. Прво, тој навистина е добар. На некој натприроден начин знае што прави. Но, исто така, одлично се справува и со сето тоа“, изјави Гир.
Хомер неодамна се појави и во серијата „The Shards“, заедно со Каја Гербер, ќерката на поранешната сопруга на неговиот татко, Синди Крафорд.
Младиот актер не крие дека татко му му дал бројни совети за градењето долгорочна актерска кариера.
Тој беше непроценлив извор. Навистина, подобар советник не би можел да посакам“, изјави Хомер.
Ричард Гир, пак, продолжува активно да снима, а Хомер веќе ги подготвува и следните филмски проекти.
2. Денис Квејд и Џек Квејд
Денис Квејд се прослави во филмот „Вистинската работа“ од 1983 година, а статусот на холивудски заводник го потврди со улогите во филмови како „Големото лесно“, „Капан за родители“ и „Во добро друштво“.
Со актерката Мег Рајан го доби синот Џек, роден во 1992 година.
Џек Квејд студираше на Факултетот за уметности „Тиш“ при Универзитетот во Њујорк, а актерското деби го имаше во „Игрите на гладните“ во 2012 година.
Подоцна почна да се појавува во независни филмови и комедиски проекти, но вистинската популарност ја стекна како Хјуи Кембел во хит-серијата „Момците“, која се емитуваше од 2019 до 2026 година.
Се појави и во „Опенхајмер“, оскаровскиот хит на Кристофер Нолан од 2023 година, во кој го играше физичарот Ричард Фајнман.
Џек отворено признава дека славните родители му ја олесниле кариерата.
Јас сум исклучително привилегирана личност“, изјави тој во интервју за „Дејли бист“.
Актерот откри дека благодарение на славата на своите родители многу рано добил агент, што, според него, претставувало повеќе од половина од битката за секој млад актер.
Но Џек одамна престана да биде само „син на Денис Квејд и Мег Рајан“.
Во 2025 година играше во акциската комедија „Новокаин“, која постигна успех и кај критиката и кај публиката.
Токму тогаш неговиот татко јавно изјави дека се надева оти кариерата на Џек ќе ги надмине и неговите и достигнувањата на Мег Рајан.
Мислам дека е на пат да оди многу подалеку од нас двајцата“, рече Денис.
3. Џуд Ло и Раферти Ло
Џуд Ло беше еден од најголемите холивудски машки секс-симболи во првата деценија од новиот милениум.
Неговите харизматични улоги и препознатливиот изглед го издвоија од типичните романтични главни актери, а магазинот „Пипл“ во 2004 година го прогласи за најсекси маж на светот.
Денес, вниманието сè повеќе го привлекува неговиот син Рафeрти Ло, кој физички неверојатно потсетува на својот татко.
Рафeрти е роден во 1996 година, како син на Џуд Ло и англиската актерка Сејди Фрост.
Уште како дете покажувал интерес за актерството, но подоцна се насочил кон музиката и модата. Сепак, на крајот се вратил кон актерството.
Во 2021 година дебитираше како Оливер Твист во филмот „Твист“, современа адаптација на познатиот роман на Чарлс Дикенс.
Поголемо внимание привлече со улогата на наредникот Кен Лемон во серијата „Господари на воздухот“.
Џуд Ло не крие дека е воодушевен што неговиот син ја избрал истата професија.
Воодушевен сум што можеме да го споделуваме нашиот ентузијазам и што можам да му дадам совет ако сака да го слушне. Исклучително сум горд што се изложи на ризик и пронајде нешто што го сака“, изјави актерот.
Поврзани објави
Подоцна тој ја пофали и изведбата на синот во „Господари на воздухот“.
Го обожавав во таа серија“, рече Џуд Ло.
Рафeрти продолжува да гради сопствена кариера, а следно ќе се појави во серијата „Убиј го Џеки“.
4. Марк Руфало и Кин Руфало
Марк Руфало стана светска суперѕвезда благодарение на улогата на Брус Банер, односно Халк, во филмскиот универзум на „Марвел“.
Но многу пред тоа тој се прослави со романтични комедии како „13 на 30“ и „Само како во рајот“.
Во 2000 година се ожени со актерката Санрајз Коигни, со која има три деца. Нивниот син Кин Руфало е роден во 2001 година.
Кин првпат се појави пред камера на само 12 години, како статист во филмот на својот татко „Begin Again“ од 2013 година. Подоцна имаше и мала улога во „Thor: Ragnarok“.
Сепак, во тој период не планирал професионално да се занимава со глума. Студирал моден дизајн на Универзитетот „Дрексел“ во Филаделфија, но подоцна ги преиспитал своите планови.
Во интервју за „Пипл“ откри дека токму во периодот на пандемијата почнал повторно да размислува за актерството.
Ми требаше промена и тогаш бев изгубен, па видов дека глумата го прави татко ми толку среќен“, рече Кин.
Подоцна доби повторлива улога во драмедијата „Hal & Harper“, во која играше и неговиот татко.
Поголемо внимание стекна со серијата „Sterling Point“ на „Prime Video“, во која ја доби првата голема главна улога.
Публиката брзо го забележа неговиот талент.
Не знам кои му се родителите, но тој е ТОЛКУ добар во серијата“, напиша еден корисник на „Редит“.
Кин неодамна откри и дека неговиот татко бил голема поддршка, иако не му било лесно да прифати дека синот ја избрал истата професија.
Дефинитивно ме поддржа, но ме праша: ‘Дали си сигурен дека сакаш да го правиш ова?’ Ми рече дека во другите професии има дефинитивно помалку критики“, раскажа 25-годишниот актер.
Серијата „Sterling Point“ веќе доби втора сезона, што е уште еден чекор напред за Кин.
5. Лијам Нисон и Мајкл Ричардсон
Лијам Нисон можеби не е типичниот холивудски заводник од оваа листа, но неговата харизма, препознатливиот глас и мажественоста со децении го прават една од најголемите филмски ѕвезди.
По раните улоги, меѓу кои и Гавејн во „Екскалибур“ од 1981 година, Нисон се искачи на самиот врв со улогата во „Шиндлеровата листа“ на Стивен Спилберг.
Подоцна следуваа големи улоги во франшизите „Војна на ѕвездите“ и „Темниот витез“, со што стекна глобална популарност.
Со актерката Наташа Ричардсон доби два сина, а постариот, Мајкл Ричардсон, е роден во 1995 година.
Мајкл го промени презимето во 2018 година и го зеде презимето на својата мајка, девет години по нејзината смрт, во нејзина чест.
Тој истата година се појави во музичката драма „Vox Lux“, а подоцна играше и со својот татко во филмот „Студена потера“ од 2019 година.
Тие повторно се појавија заедно во „Произведено во Италија“ во 2020 година, каде што ги толкуваа улогите на татко и син.
Филмот имал особено емотивно значење за нив, бидејќи приказната за татко и син кои се соочуваат со загуба ги потсетувала на нивното лично искуство по трагичната смрт на Наташа Ричардсон во 2009 година.
Кога го прочитав сценариото, си помислив: ‘О, боже, ова е малку премногу’. Почувствував превртување во стомакот, но помислив дека би било прекрасно да го направам тоа со мојот син“, раскажа Нисон во 2021 година.
Мајкл подоцна зборуваше за односот со својот татко и за тоа колку уживал да го гледа како работи.
Открив дека убавиот дел од зрелоста е повторно да ја откриете таа постара авторитетна фигура што цел живот сте ја гледале само како опуштен човек“, рече тој.
Мајкл продолжи да се појавува во филмски и телевизиски проекти, а во 2022 година го позајми гласот на младиот Квај-Гон Џин во анимираната серија „Војна на ѕвездите: Приказни за џедаите“, преземајќи ја улогата што неговиот татко ја играше во филмските продолженија.
6. Метју Меконахи и Леви Меконахи
Метју Меконахи беше еден од најголемите миленици на Холивуд во 2000-тите.
Со филмовите „Планер за венчавки“, „Како да изгубите момче за 10 дена“ и „Духови на поранешните девојки“, тој стана препознатлив како симбол на машкиот шарм и романтичните комедии. Подоцна направи голем пресврт кон драмските улоги и освои Оскар за „Клубот на купувачите од Далас“, но публиката сè уште го памети и по неговиот карактеристичен младешки шарм од почетокот на кариерата.
Сега вниманието е насочено кон неговиот најстар син Леви Меконахи, роден во 2008 година. Леви тргна по стапките на својот татко и дебитираше како актер во филмот „Изгубениот автобус“, во кој Метју ја игра главната улога.
Младиот актер откри дека морал буквално да го убедува својот татко да му дозволи да оди на аудиција за улогата на неговиот син. Метју, сепак, поставил еден услов – кастинг-директорот да го оценува Леви без да знае чие презиме носи. Во пресрет на премиерата на филмот, Леви отворено зборуваше за притисокот што го носи славното презиме.
Тој призна дека познатите родители можат да отворат многу врати, но дека понатаму самиот мора да докаже дека заслужува да остане во собата.
Тие можат да отворат врати, но потоа на мене е да го направам своето кога ќе влезам таму. Тоа е на мене“, рече Леви.
Неговиот татко, пак, предупреди дека славното презиме може да биде и предност и товар.
Ќе добие повеќе пофалби на некои места поради презимето. Но, на уште повеќе места ќе биде критикуван поради истото тоа презиме“, изјави Метју.
Леви веќе ги подготвува следните проекти и полека гради сопствен актерски идентитет.
Ако успее да се ослободи од сенката на својот славен татко, токму тој би можел да стане еден од најинтересните претставници на новата генерација холивудски актери.
Зашто, славното презиме можеби е билет за првата аудиција – но ниту еден татко не може да одигра улога наместо својот син.