Во динамичното секојдневие, грижата за себе сè почесто значи враќање кон основите – правилна исхрана, балансиран начин на живот и поддршка таму каде што на телото му е потребна. Дипломираниот нутриционист Владимир Тодоровски од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје истакнува дека вистинскиот баланс се постигнува кога добрата исхрана е надополнета со квалитетни суплементи.
Како практична поддршка во секојдневието, Тодоровски препорачува три додатоци во исхраната од dm марката Mivolis, по секогаш поволни цени, кои лесно можат да се вклопат во рутината на секој поединец.
Магнезиумот е еден од оние минерали за кои често не размислуваме, а има значајна улога во функционирањето на организмот. Mivolis магнезиум придонесува за нормална функција на мускулите и нервниот систем, а воедно помага и во опуштањето на телото по напорен ден. Токму затоа, редовниот внес на магнезиум е поврзан со подобар и поквалитетен сон.
Имунитетот, пак, е првата линија на одбрана на организмот. Комбинацијата од витамин Ц и цинк од Mivolis е наменета за секојдневна поддршка на одбранбениот систем. Витаминот Ц е познат по својата улога во заштитата на клетките, додека цинкот придонесува за нормално функционирање на имунитетот. Заедно, тие се практичен избор за оние што сакаат да се чувствуваат поотпорно и поенергично во текот на денот.
Третиот суплемент што го издвојува Тодоровски е Mivolis Омега 3 масните киселини. Иако се есенцијални за организмот, во секојдневната исхрана често не се внесуваат во доволни количини. Затоа, овој суплемент претставува важна поддршка, особено кога станува збор за грижата за кардиоваскуларното здравје.
Кога основата е добра, телото добива сè што му е потребно за да функционира природно и избалансирано. А, во dm има сè што ви треба за создавање здрави навики – квалитетни производи, проверени марки и секогаш поволни цени.