Почетна ЕкономијаТрендафилов порача дека протестот закажан за в среда е само почеток на синдикалната борба

Трендафилов порача дека протестот закажан за в среда е само почеток на синдикалната борба

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, порача дека протестот закажан за в среда е само почеток на синдикалната борба, доколку надлежните институции не излезат во пресрет на барањата за зголемување на платите на работниците.

Според Трендафилов, сегашните примања не ги следат растечките трошоци за живот, а работниците се соочуваат со сериозен пад на животниот стандард. Тој нагласи дека синдикатите повеќепати предупредувале на состојбата, но дека конкретни мерки сè уште нема.

„Доколку не се обезбеди реално зголемување на платите, протестите ќе продолжат и ќе се радикализираат. Работниците веќе немаат простор за трпение“, изјави Трендафилов.

Од ССМ порачуваат дека барањата се јасни и насочени кон обезбедување достоинствен живот за работниците, додавајќи дека одговорноста сега е кај Владата и работодавачите. Протестот во среда се очекува да собере голем број граѓани од различни сектори.