Почетна ЕкономијаНиколче Мискоски им посака среќен и успешен почеток на првачињата и наставниците

Николче Мискоски им посака среќен и успешен почеток на првачињата и наставниците

од nenad
1 минути читај за

Почитувани ученици и наставници, во новата учебна година, Ви посакуваме среќен и успешен почеток!

На нашите првачиња, кои денеска го започнуваат својот образовен процес, сакам да им посакам успех во стекнување на нови знаења и вештини, како и среќа низ животот за нив и нивните семејства. Секогаш радувајте се на малите победи, бидете свои и никогаш не се споредувајте со другите.

Почитувани наставници, Вие кои сте носители на образовниот процес, Ви посакувам успешно да продолжите да ги пренесуваат своите знаења, создавајќи генерации со кои сите заедно ќе се гордееме.

 Општина Кривогаштани ќе продолжи со реализација на проекти за подобрување на квалитетот на живот на младите во нашата Општина.