Почетна ЕкономијаКошта и Фон дер Лајен во Индија, ЕУ и Индија се блиску до договор за слободна трговија

Кошта и Фон дер Лајен во Индија, ЕУ и Индија се блиску до договор за слободна трговија

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигнаа во Индија. Европската унија (ЕУ) и Њу Делхи ги финализираат напорите за потпишување на договорот за слободна трговија, со кој би се ставил крај на преговори кои траат речиси две децении меѓу двете значајни економии.

Кошта и Фон дер Лајен се специјални гости на годинешните свечености по повод Денот на Републиката, кои ќе се одржат утре во Њу Делхи. Оваа посета се одвива во пресрет на самитот ЕУ-Индија, закажан за задутре, на кој се очекува постигнување на договор, како што пренесуваат од бриселскиот Еуроактив.

Според информација објавена од Европскиот совет на платформата Икс, самитот ќе претставува прилика за унапредување на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Индија, како и за понатамошно зајакнување на соработката во важни политички сфери.