Фармерките „трапез“ се најбрзиот начин визуелно да додадете десет сантиметри висина и да постигнете беспрекорно издолжена силуета
Враќањето на кројот „трапез“ на модната сцена го означува враќањето кон структурата на телото. Носталгијата за овој модел од 1970-тите произлегува од свесниот избор на пропорции кои визуелно ја трансформираат женската става, давајќи ѝ вертикална доминација и префинетост што ниеден друг модел на џинс не може да ја понуди.
Доминацијата на „скини“ естетиката конечно му го отстапи местото на крој кој не ограничува, туку гради. Фармерките „трапез“, во својата модерна инкарнација, функционираат како визуелно продолжение на нозете. Суштината е во балансот што го нудат. Ногавиците кои почнуваат точно во нивото на колената, ја неутрализираат линијата на колкот, креирајќи илузија на беспрекорна симетрија.
Моќта на овој модел лежи во високиот струк и екстремната должина. Тоа е модна формула што не трпи компромиси. Ногавицата мора да заврши неколку милиметри над подот, потполно покривајќи ги обувките. Така, доколку носите потпетици, тие нема да бидат додаток, туку ќе станат дел од природната силуета, додавајќи висина без да ја нарушат складноста.
Како да го одберете идеалниот модел?
За да го извлечете максимумот од овој тренд, обрнете внимание на три клучни фактури:
Висина на струкот – Колку е струкот повисок, толку подолги ќе изгледаат нозете. Моделите кои достигнуваат до папокот или над него се апсолутни фаворити оваа сезона.
Должина на ногавиците – Најголемата грешка кај фармерките „трапез“ се прекратките ногавици. За да биде целосен ефектот на издолжување, фармерките би требало да го покриваат поголемиот дел од обувките, оставајќи ги видливи само врвовите на прстите.
Поврзани објави
Боја на џинсот – За максимално елегантен и „скап“ изглед, одбирајте потемни нијанси на џинс без премногу избелени делови.
Како да ги носите оваа сезона?
Фармерките „трапез“ се неверојатно сестрано парче што лесно го трансформира изгледот од дневен во вечерен:
Деловна елеганција – Со струкиран блејзер и класична бела кошула вовлечена во фармерките ќе добиете софистициран изглед, идеален за во канцеларија.
Ретро-шик – Комбинирајте ги со струкирани кратки маички или тесни ролки за да го доловите автентичниот дух од 1970-ти, кој моментално е апсолутен хит на социјалните мрежи.
Обувките се клучни – Иако може да се носат со патики со платформа, најдобар ефект на „бесконечни нозе“ се постигнува со чизми со шпиц или обувки со подебела потпетица.
ФОТО: Пинтерест, Unsplash