Кристијано Роналдо никогаш не зажалил за својот избор и многу е среќен покрај Георгина веќе 10 години
Кристијано Роналдо вчера наполни 40 години, а последниве 10 е со својата избраничка Георгина Родригез.
Пред Георгина, Роналдо бил во врска со манекенки, меѓу кои и со Ирина Шајк. Сите тие манекенки копнееле да се омажат за Кристијано Роналдо, да им бидат мајки на неговите деца, но неуспешно.
А потоа, Кристијано Роналдо во еден бутик ја запознал продавачката Георгина Родригез и по вториот љубовен состанок ја поканил да се пресели кај него. Таа тоа и го направила.
Роналдо се видел себеси во Георгина. Тие имале многу заеднички работи: тешко детство, љубов кон семејството, слични животни приоритети.
Многумина велат дека Кристијано Роналдо направил паметен избор. Да, тој бил со манекенки, можел да биде со секоја жена на светот, но тој одбрал да биде со таа што им се допаднала на неговата мајка, на сестрите и на постариот син.
Георгина сакала семејство и дом, и тој ѝ го овозможил тоа. Затоа, таа не се противела кога по само неколку месеци врска, тој ги донел близнаците што ги добил со сурогат-мајка. Набрзо, и Георгина забременила, па прекуноќ склопиле договор за доверливост.
Поврзани објави
Се зборува дека Роналдо ѝ дава 100.000 евра месечно џепарлак на Георгина, но тоа се само злобни шпекулации, бидејќи Георгина се проби во светот на модата и моментално е една од најбараните моделки. Нејзиното лице ја красеше насловната страница на „Вог“ и на најпрестижните магазини во арапските земји, но и во европските. Георгина денес многу повеќе заработува од тоа што, наводно, ѝ го дава Кристијано Роналдо како џепарлак.
Не треба ни да се занемари серијалот на Нетфликс, „Јас сум Георгина“, кој го прикажува животот на свршеничката на Кристијано Роналдо и нејзиниот однос со децата.
Дури во овој серијал сите видоа зошто Кристијано се вљубил токму во Георгина: таа е едноставна, искрена жена, која не ги крие своите стравови, надежи и желби.
Кристијано вели дека тој секогаш барал партнер во својата жена, а тоа го добил со Георгина. Таа е тука за да се грижи за децата и семејството, додека го остава Кристијано да заработува пари и да гради кариера.
Според сето ова, може да се заклучи само едно нешто: Кристијано Роналдо одбрал паметно.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @georginagio