Почетна Убавина и здравјеШто ни е навистина потребно за да бидеме долгорочно поздрави? – Убавина и здравје

Што ни е навистина потребно за да бидеме долгорочно поздрави? – Убавина и здравје

од nenad
6 минути читај за

Дали би пиеле глина за слабеење? Не? Знаеме… Од таа причина, истражуваме што е потребно да направиме за да си осигуриме телесно и духовно здравје, не само денес туку и во иднина. Тестовите што следуваат поминаа низ строги правила на проверка дали се ефикасни и дали имаат долгорочни бенефиции за здравјето. Гледајте на ова како на здравствено-пензиски план – почнете да „уплатувате“ за да станете подобра и поздрава верзија на себеси. Долгорочно!

ПОМНЕЊЕ

Проверете го крвниот притисок

Секоја година зачестеноста од деменцијата скока за повеќе од 100% и додека да дојдеме во ризичната старосна група за оваа болест, според предвидувањата, речиси е сигурно дека секое второ лице ќе страда од деменција.

Ако имате висок крвен притисок, тој уништува мали крвни садови во мозокот, па ако сте млади, време е да спречите натамошно уништување на крвотокот во мозокот.

Што да направите?

Пијте зелен чај пред тренинг. Истражувањата покажаа дека глувците на кои пред вежбањето им е давана состојката EGCG, која ја има во зелениот чај, имаат одлична мозочна функција и помнење. Не го сакате неговиот горчлив вкус? Наша препорака е зелен чај со јасмин или со лимета.

ВЕЖБАЊЕ

Движете се 15 минути на ден

Околу 40 отсто од жителите кај нас немаат физичка активност. Експертите велат дека не е неопходно да поминуваме часови во вежбалница, бидејќи истражувањето од Тајван покажа дека само 15 минути брзо одење или џогирање на ден може да го продолжи животниот век за три години.

Што да направите?

Потребна ви е поголема енергија? Испијте 1 дл сок од цвекло два и пол до три часа пред вежбањето. Цвеклото содржи нитрати, кои се претвораат во азот-моноксид, па се зголемува снабдувањето на мускулите со кислород за време на тренингот. Ние сакаме природен сок од цвекло.

ИСХРАНА

Медитеранско мени

Дали знаете дека медитеранската исхрана е најдобра за здравјето? Богата е со свежа риба, зеленчук, маслинки, маслиново масло, јаткасти плодови и со житарки од цело зрно, па може да додаде до 15 години живот, стои во истражувањето „The American Journal of Clinical Nutrition“. Научниците тврдат дека може да превенира две најголеми причини за смрт – болести на срце и рак, а значително го намалува и ризикот од појава на Алцхајмерова болест, дури за 40 отсто.

Што да направите?

Настојувајте да јадете свежо овошје. Истражувањето спроведено во Лондон, кое опфатило 65.000 Британци, а траело осум години, покажа дека оние што јаделе седум или повеќе оброци зеленчук и овошје на ден имале 42 отсто помала веројатност за смрт од која било болест. Оние што јаделе конзервирано или замрзнато овошје имале поголеми шанси да починат од инфаркт, болести на крвните садови и од рак. Зошто? Шеќерните сирупи во замрзнатото овошје го неутрализираат здравото во нив.

СРЕЌА

Бидете емпатични

Нашата среќа зависи од способноста да го почувствуваме она што го чувствува друга личност. Како може да го почувствуваме? Во книгата „Емпатија: прирачник за револуција“, Роман Крзнариќ вели: „Обидете се да зачекорите во туѓите чевли, а притоа да немате предрасуди за нив.

Исто така, практикувајте ‘радикално слушање’ – тоа е слушање без прекин или планирање на следната реченица, а потоа покажете разбирање парафразирајќи го она што го кажал соговорникот. На пример: ‘Лут си на мене бидејќи не го хранам кучето секоја вечер и сакаш поголема поддршка?’ Емпатијата ги поттикнува социјалните односи и благосостојбата.“

КОЖА


Поврзани објави

Пијте сок од домати и јадете сос

Молекуларните биолози тврдат дека само пет лажичиња сок од домати на ден можат да го поттикнат создавањето колаген, и тоа за 33 отсто за само 12 недели. Интересно е тоа што најголемата полза ја имаме од варени или преработени домати, на пример од кечап или пире од домати. Термичката преработка го поттикнува ликопенот, кој е активен антиоксидант, кој е биоактивен (што значи дека телото полесно го впива).

КОСКИ

Секој ден чучнувања

Повеќе од 40 отсто луѓе на возраст од 35 до 60 години се жалат на болки во колената. Затоа се препорачува во 20-тите и 30-тите години од животот да ги зајакнете мускулите околу коските на колената. Едно истражување покажа дека осумдневна програма од секојдневни чучнувања ги зајакнува мускулите на колената и го намалува нивото на масти во организмот.

Што да направите?

Почнете со програма од чучнувања 30 дена. Освен што ќе ги зајакнете колената, и вашиот задник ќе добие убава форма, а ќе загубите и неколку килограми вишок. Јавете ни ги резултатите!

ПЛОДНОСТ

Прегледајте ја штитната жлезда

Се зголемува и бројот на лицата што имаат проблеми со плодноста. Но пред да почнете со прегледи во скапи приватни клиники, проверете ги хормоните на штитната жлезда. Доколку е со нарушена функција, тоа може да претставува проблем, особено доколку и друг член на вашето семејство имал слични проблеми. Функцијата на штитната жлезда директно зависи од функцијата на хипофизата, која е одговорна за продукција на репродуктивните хормони, а тие се од суштинско значење за плодноста. Добра вест е што тироидните проблеми брзо се санираат со помош на лекови.

Што да направите?

Прашајте ја мајка ви кога влегла во менопауза. Постои временска рамка кога за жените е ризично да забременат или кога имаат проблеми со репродуктивното здравје, а тоа е најчесто 10 години пред почетокот на менопауза. Најдобар знак кога ќе настапи вашата менопауза е менопаузата на вашата мајка.

ХОРМОНИ

Подобрете го железото

Недостигот од железо предизвикува замор, а едно истражување покажа дека храна богата со железо може да го намали заморот за 30-40 отсто за време на ПМС. Железото игра важна улога во создавањето серотонин, хормон што го регулира расположението. Жените во ПМС се многу чувствителни на прогестерон, хормон што влегува во крвта од јајниците по овулација. Еден од ефектите е редукција на серотонин во мозокот, што предизвикува симптоми на ПМС. Истражувањата покажуваат дека на жените многу им годи консумирање продукти богати со железо што не се од животинско потекло, како што се леќа, темнозелен зеленчук, суво овошје, бадеми…

Што да направите?

На жените им се потребни 14,8 мг железо на ден. Тоа се четири полни лажици леќа, 4 суви смокви, 30 г житарки и една голема лажица хумус. Ако ви е премногу напорно, земајте додатоци во исхраната, но секогаш е потребно железото да го внесувате по природен пат.

Два начина да ги превенирате најголемите „убијци“

1 Запознајте ги маснотиите

Болестите на срцето се најголеми „убијци“ на жени кај нас, така што е неопходно да се престане со консумирање трансмаснотии или да им се намали количеството на 20 г на ден. Кога, пак, консумирате високомасна храна, на пример јаткасти плодови и здрави масла, не заборавајте на калориите затоа што се еден од најголемите фактори на ризик од болести на срцето. Дневна препорачана доза јаткасти плодови е мал грст оревчиња, лешници и слично, како и 2-3 лажици маслиново масло.

2 Внимателно со солта

Не повеќе од 6 г на ден! Многу е поголем бројот на срцев удар кај жени во раните 40-ти години, кои почесто ја „досолуваат“ храната. Станува збор за навика од која непцето брзо се одвикнува.

Текст: Јелена Јоксимовиќ