Пејачот објави празничен момент со сопругата и децата и испрати емотивна порака исполнета со благодарност и топлина
Пејачот Сергеј Ќетковиќ ги разнежни своите следбеници откако сподели семејна фотографија на која позира со сопругата Кристина Ќетковиќ, ќерките Лола Ќетковиќ и Мила Ќетковиќ, како и нивното куче. Фотографијата е направена во празнична атмосфера и зрачи со топлина и блискост.
Сергеј и неговата сопруга се во брак веќе 26 години, а во 2010 година ја посвоија Лола. Само две години подоцна, нивното семејство стана побогато и за Мила. Пејачот често истакнува дека е строг татко, но и дека љубовта е неизоставен дел од нивното секојдневие – без бакнеж, ќерките не одат на спиење.
Во описот на фотографијата, Ќетковиќ испрати искрена празнична порака до своите обожаватели, посакувајќи новата година да биде исполнета со прегратки, насмевки, добро здравје и, како што нагласи, пред сè – љубов. Неговите зборови беа дочекани со бројни позитивни реакции и честитки.
Поврзани објави
Пејачот еднаш јавно зборуваше и за тоа како на своите ќерки им објаснил дека се посвоени. Преку приказни и нежни зборови, се обидел на најблаг начин да им ја пренесе вистината, без трауми и страв, нагласувајќи дека посвојувањето не треба да се доживува како нешто страшно.
printskrin youtube – sergej cetkovic