Почетна Убавина и здравјеДесингерица со моторна пила му упадна во стан на Бака Прасе и направи хаос! Ова го нема ниту во хорор филм (ФОТО)

Десингерица со моторна пила му упадна во стан на Бака Прасе и направи хаос! Ова го нема ниту во хорор филм (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за

Раперот го разбуди јутјуберот, го исплаши до коска, а на крајот му зеде и кашкавал од фрижидерот

Раперот Драгомир Деспиќ Десингерица направи вистински хаос кога ненадејно упадна во станот на јутјуберот Богдан Илиќ – Бака Прасе, будејќи го со моторна пила и дувач за лисја. Наместо мирно утро, јутјуберот доживеа сцена што повеќе личеше на хорор-филм отколку на безазлена шега.

Десингерица, кој неодамна повторно се најде во фокусот на јавноста по обвинувањата на Слаѓа Поршелина дека имал афера со Маја Маринковиќ, во станот дошол заедно со сопругата Невена. Без претходна најава, раперот влетал во спалната соба со бучните алатки и сериозно го исплашил јутјуберот.

Ти не си нормален, навистина помислив дека ќе ми ја отсечеш ногата“, изјавил видно вознемирениот Бака Прасе, откако во еден момент моторната пила поминала покрај неговата нога.

Иако станувало збор за шега, ситуацијата за миг изгледала навистина опасно.

Фотографии може да погледнете ОВДЕ

По „будењето“, раперот и неговата сопруга се упатиле кон кујната, каде што Десингерица почнал да пребарува низ фрижидерот и во шега му зел кашкавал.

Што ќе му се три кашкавали, ајде да го носиме дома“, ѝ рекол на сопругата, по што успеал да го изнесе од станот, предизвикувајќи смеа кај присутните.

Фотографии може да погледнете ОВДЕ

Printscreen YouTube/Vlogdan Ilic