Младиот човек добил прострелна рана во пределот на градниот кош, а лекарскиот тим прави се’ што е во нивна моќ да го спасат.
Популарниот француски пејач и победник на музичкото натпреварување The Voice France, Кенџи Жирак е тешко повреден откако бил застрелан во градите за време на хорор-нападот во Франција. Жирак (27) победи на натпреварот во 2014 година и е познат по соработките со светски музички икони како Мика.
Пејачот итно бил префрлен во Универзитетската болница во Бордо, а според француските медиуми, при приемот во болница бил свесен.
Сепак, лекарите велат дека животот му е се’ уште во опасност, бидејќи се работи за прострелна рана во пределот на градниот кош. Засега не се знае дали Жирак бил цел на самиот напад.
Поврзани објави
Пејачот се враќал од кампот во Бискарош кога во понеделникот во раните утрински часови бил ранет од разбеснет напаѓач. Извор близок до истрагата изјави за локалните медиуми:
Беше во кампот за патници каде што е ранет од истрел од пиштол. Утрото околу 5 часот и 30 минути, била повикана полицијата, а кога пристигнала на местото на настанот се соочиле со дваесетина лица кои одбиле да дадат каква било информација. Во меѓувреме, Брзата помош евакуирала тешко ранет маж кој бил застрелан во градниот кош и итно бил пренесен во болница – вели изворот.
Истрагата за хорор-нападот е веднаш отворена, објави јавниот обвинител на Мон-де-Марсан, Оливие Јансон. Полицијата беше забележана како го пребарува кампот за какви било информации во понеделникот.
Фото: Инстаграм