По исцрпувачката новогодишна ноќ, пејачката од умор едвај одеше, а партнерот покажа вистинска грижа и поддршка
Пејачката Тања Савиќ по завршувањето на настапот за репризата на Нова година не можела да стои на нозе од умор. По повеќечасовно пеење, стоење и играње на високи потпетици, целосно се исцрпила, па нејзиниот вереник Мухамед Бешиќ, познат како Муки, ја понел во раце до автомобилот.
Тања моментот го сподели на социјалната мрежа Инстаграм, каде што објави видео на кое се гледа како Мухамед ја носи во прегратка. Таа откри дека болките во нозете биле толку силни што не можела самостојно да оди по настапот во Белград.
Го завршив настапот во Белград и мојата љубов ме понесе, бидејќи ме болеа нозете, а не знаев ни дека е толку далеку“, напиша пејачката во описот на видеото.
Инаку, Тања Новата година ја дочека со публиката во Бања Лука, а напорниот распоред и долгите настапи очигледно го направиле своето. Пејачката веќе извесно време отворено зборува и за личната борба за потомство, поради што поддршката од партнерот ѝ значи уште повеќе.
Поврзани објави
Романтичниот гест на Мухамед ги воодушеви и нејзините колешки. Под видеото се огласија и пејачките Милица Тодоровиќ и Гога Секулиќ, кои со емотивни коментари му дадоа поддршка на вљубениот пар.
printskrin youtube – nikad nije kasno – tanja savic