Мелина Џиновиќ (45), поранешната сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, повторно ја пронајде љубовната среќа покрај 70-годишниот британски бизнисмен Џефри Арнолд, со кого ова лето стапи во брак. Додека таа ужива во новиот живот, вниманието на јавноста и понатаму го привлекува нејзиниот однос со децата од бракот со Харис, особено со синот Кан, со кого наводно подолго време нема контакт. Ќерката Џина, од друга страна, е блиска со мајка си и редовно ја посетува.
Мелина уште пред разводот од пејачот зборувала за можноста повторно да стане мајка. Тогаш јасно ставила до знаење дека не планира трета бременост, бидејќи не сакала да го менува начинот на живот на кој веќе била навикната.
Во една од своите тогашни изјави, Мелина открила дека ужива во слободното време, патувањата и грижата за себе, а сметала дека уште едно дете би ѝ ги нарушило воспоставените навики.
„Сакам да спијам до дванаесет часот, да одам на тренинзи и да патувам со сопругот, а третата бременост би ми го одзела сето тоа“, изјавила таа.
Дизајнерката нагласила дека одлуката ја донела одамна и дека не чувствува потреба да го проширува семејството.
Поврзани објави
„Имаме девојче и момче, со што е заокружена сликата за совршено семејство, а животот го организиравме така што сè функционира одлично токму вака“, објаснила Мелина.
Покрај нејзиниот нов брак, во јавноста повторно се зборува и за заладените односи со синот Кан, со кого, според медиумските написи, подолго време не комуницира.
Нејзиниот последен престој во Белград, како што пренесува српскиот магазин „Скандал“, го одбележала необична и непријатна средба со синот во еден локал.
Иако се нашле на истото место, Мелина наводно се однесувала како воопшто да не го забележала сопственото дете, што предизвикало непријатна атмосфера меѓу присутните.
Според извор за магазинот, Мелина седела со пријателка и со пејачката Лепа Брена, кога во локалот пристигнал Кан. Тој се упатил кон шанкот за да ја земе салатата што претходно ја нарачал.
„Мелина седеше со пријателка и со Брена. Во еден момент во локалот влезе Кан, кој отиде до шанкот за да ја преземе нарачаната салата. Штом го забележа, Мелина буквално ја сврте главата на другата страна, преправајќи се дека не го гледа. Беше многу непријатно да се гледа како мајка го игнорира сопственото дете“, раскажал изворот за „Скандал“.