Српската пејачка Ива Бојановиќ отворено зборуваше за својот семеен живот, бракот со колегата Јоца Стефановиќ и секојдневието со нивното најмало дете. Но, особено внимание привлече нејзиниот коментар за љубовниот живот на колешката Дара Бубамара, за која рече дека лично не би можела да биде во врска со толку помлад маж.
Бојановиќ не се двоумеше да го каже своето мислење, а разликата во годините меѓу Дара и нејзиниот партнер ја спореди со онаа меѓу својот син и евентуален партнер на нејзина возраст.
„Дара е со 20 години помлад? Јас не би можела така. Па, тој е како другар на мојот син! Ја обожавам Дара, но јас не би можела да бидам во таква врска“, изјавила пејачката.
Ива открила дека нејзиното најмало дете наскоро ќе наполни шест месеци и дека семејството одлично се приспособило на новото секојдневие.
Таа веќе има 22-годишен син и 17-годишна ќерка, а со нив, како што вели, има пријателски однос. Првпат станала мајка на само 19 години, бидејќи отсекогаш сакала да има деца на помлада возраст.
„Сè функционира совршено. Сега ми е многу полесно, ова ми е трето дете и веќе знам како одат работите. Со првото дете и самата созревав. Синот има 22 години, а ќерката 17. Имаме пријателски однос. Млада станав мајка и сега уживам во сето тоа. На 19 години станав мајка, да. Сакав да бидам млада мајка, сè си течеше по својот ред. Во суштина, јас сум семеен човек“, раскажала таа.
Засега сите петмина живеат заедно, но пејачката открила дека синот наскоро ќе се отсели, што го смета за сосема природен чекор.