Центарот за стрип на Македонија со седиште во Велес го објавува традиционалниот 20-ти Меѓународен конкурс за стрип “Велес 2023”. Сите автори од целиот свет имаат право да се вклучат без разлика на пол и возраст, а работите треба да се поднесат до 10 август 2023 година. Должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 таблици во формат А4 (минимум 300 дпи ако се испраќаат електронски). Ако стрипот е на една страница, тој треба да има најмалку 5 слики. Ако стрипот е во боја, организаторите препорачуваат да се достави лично на адресата: Стрип центар на Македонија-Велес, улица “Васил Ѓоргов”, број 78, Велес, или да се испрати преку е-пошта (stripkonkurs@gmail.com). Темата на стрипот е слободна, а секој автор има право да учествува со само еден стрип. Сценаристите имаат можност да направат сценарио за повеќе стрипови. Учесниците кои се во основно образование треба да се насочат кон своите основни училишта. Цела работна група може да работи врз еден стрип (со наведување на секој автор: сценарио, молив, туш…), а стриповите од македонски автори треба да бидат на македонски јазик и кирилско писмо. Тричлената интернационална комисија ќе ги разгледа сите стрипови и ќе бидат доделени повеќе награди и признанија. Првата награда “Златен стрип” изнесува 300 евра. Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложбата на Салонот на стрип во Велес и ќе има можност за друг вид на промоција. АД/ Велес, 14 јануари 2023 година (МИА)
20-тиот Меѓународен конкурс за стрип „Велес 2023“ беше објавен.
97