Почетна ЕкономијаСончево и топло со слаб северен ветер

Сончево и топло со слаб северен ветер

од nenad
1 минути читај за

– Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во следните денови ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата.

Во почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер. вј/нд/Фото: МИА архива .

Извор: МИА