Пејачот се нашол во необична ситуација поради шега на водителката пред интервјуто.
Пејачот Радиша Трајковиќ Џани доживеа необична сцена додека гостуваше во емисија во Македонија. Пред самото интервју, водителката му кажала да дојде во „соба 82“, што Џани го сфатил како дел од договорот. Наместо тоа, пред него излегол постар човек во долна облека, оставајќи го пејачот збунет и во неверување.
Ми кажа: ‘Дојди во соба 82’. Јас отидов, позвонив, а излегува маж во гаќи и прашува: ‘Што било?’ Едвај му објаснив,“ раскажа Џани низ смеење во емисијата „Stars Show“.
Поврзани објави
Инцидентот предизвика бројни реакции кај публиката и на социјалните мрежи.
Инаку, пејачот неодамна привлече внимание со фотографии од плажа. Џани позирал во шорцеви, без маица, покажувајќи витка фигура и видливо намалување на килограмите, што доби голем број позитивни коментари од следбениците.
printskrin Youtube – dzani – amig show