„Кажав дека ќе се мажам за Жељко, а мајка ми рече: ‘За Шашиќ? Одлично, тој е прекрасен дечко’. Но, кога им кажав дека е Аркан, мислам дека ќе се онесвестеа. Не помогнаа ни заканите од татко ми дека ќе се откаже од мене – бев заљубена“ – вели Цеца, која пред 25 години остана вдовица по убиството на сопругот.
Но, и 25 години по убиството на Аркан, љубовта меѓу него и Цеца привлекува големо внимание во јавноста, а незаобиколни се и теориите дека Аркан е жив, со сменет личен опис и дека живее на Кипар, па токму затоа Цеца таму има вила.
Според Цеца, таа се заљубила во Аркан уште пред да се запознаат, а првпат го видела на фотографија во списание.
„Бев во Германија и на бензинска пумпа купив Playboy, а во списанието го видов мажот на мојот живот. Таму имаше интервју со Жељко.
Не разбрав што пишуваше, само зјапав во неговата фотографија зашто многу ми се допадна. Тој беше најмажествениот и најзгоден маж што сум го видела во животот“, изјави Цеца во едно интервју. Од моментот кога првпат се дозна за нивната љубов, пејачката и командантот на српската доброволна гарда „Тигри“, беа постојано во медиумите.
Секој нивен чекор се следеше, се пишуваше дека во напад на бес и љубомора ја потстрижал ќелава, а нивната свадба и се опишуваше како настан на деценијата во Србија.
„Нè запозна Оливер Мандиќ на еден настан. Тогаш веќе кружеше приказната дека Аркан ме потстрижал, а ние не се ни знаевме.
Ми рече: „А ти ли си таа пејачка што редовно ја потстрижувам?“ Бев исплашена, се збунив. Продолживме да се гледаме и јас го бакнав прва. Не се заљубив во него поради неговата моќ, туку поради неговите човечки квалитети, физичкиот изглед, карактерните особини“, рекла Цеца.
Пред да почнат сериозна врска, Аркан не бил сигурен дека сака да се гледа со Цеца, бидејќи пејачки не биле жени по негов вкус.
Според некои пишувања, тој слушнал муабети дека таа се дрогира, па на една од нивните први средби ѝ кажал да го крене ракавот за да види дали има траги од игли на раката.
Но, малку по малку, Цеца успеала да му се пикне под кожа и да го освои, па тој решил да ѝ се препушти на љубовта.
Во времето кога се заљубил во Цеца, Аркан веќе бил во втор брак. На сопругата Наталија отворено ѝ кажал дека меѓу него и пејачката се родила љубов, и по 13 години, тој побарал развод.
„Никогаш не сум бил женкар, немав љубовни афери. Но, кога се заљубив во Цеца, тоа ѝ го кажав на Наталија и таа се отсели од нашиот дом“, рекол Жељко.
Парот се сврши на Божиќ 1995-та година, а веќе во февруари правеа свадба.
Венчавката беше толку голема и помпезна, што за тоа пишуваа дури и BBC и CNN. Неодамна Цеца откри дека брзо пред свадбата имала спонтан абортус и тоа се случило во третиот месец од бременоста. „Со Жељко чекавме бебе пред да се венчаме. Но, во меѓувреме јас го загубив бебето.
Се договоривме да не го менуваме датумот на свадбата, па по планот се венчавме на 19 февруари“, вели Цеца.
Нејзиниот татко не бил среќен од изборот на пејачката, и ѝ се заканувал дека ќе се откаже од неа ако се омажи за Аркан. Но, таа била решена да заснова семејство со него.
„Ми беше страв да им кажам на родителите со кого сум во врска. Но, кога се свршивме, веќе немаше каде.
Им кажав дека се мажам за Жељко, а мајка ми рече: ‘За Шашиќ? Одлично, тој е прекрасен дечко’, но кога им кажав дека е Аркан, мислам дека ќе се онесвестеа.
Сите се надеваа дека ќе ми помине, но не помогнаа ни заканите од татко ми“.
Поврзани објави
На крај татко ѝ попуштил, а Аркан дошол да ја земе од родното село Житораѓа со „свита“ во која имало дури 60 џипови.
Жељко носел црногорска народна носија, а Цеца српска.
Веќе следната година тие го добија синот Вељко, а две години подоцна е ќерката Анастасија.
Многу години подоцна пејачката откри дека децата ги добила со вонтелесно оплодување, бидејќи имала проблем да забремени, иако имала само 22 години.
Во сето ова ја поддржал Аркан, кој цело време бил покрај неа.
„Покрај него се чувствував сигурна, како што посакува секоја жена. Јас го викав буцко, тој мене Цецко. Подоцна се фалеше дека сум го ‘фатила’ на благо, зашто сум му купувала чоколади.
Не, тој ми купуваше чоколади на мене. И сфатив дека е строг само со војската, но дома беше бајче, добар човек, сосема поинаков од она што мислеа сите“, изјавила таа своевремено.
Нивната љубов прекина со убиството на Аркан.
Тој 15 јануари, Цеца отишла порано во хотелот „Интерконтинентал“ за да се најде со својата сестра Лидија, бидејќи таму имале бутик. Аркан дошол неколку часа подоцна.
Додека седел во сепарето на хотелот со двајца пријатели, му пришол полицаецот Добросав Гавриќ и му испукал 3 куршуми во главата.
Во тоа време Цеца се наоѓала во негова близина, па во полиција детално раскажала што се случило.
„Кога Жељко стигна во хотелот, отидовме во бутикот, а по половина час излезе за да го најде својот пријател Манда. Ги најдов каде седат, поседов малку со нив и се вратив во бутикот.
По некое време со трчање дојде Ѕвонко Матеовиќ, бараше да му дадам пиштол зашто тој ги испукал сите свои куршуми. Му го дадов мојот револвер, но тој не испука ниеден куршум од него.
Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко викаше: ‘Командантот е убиен’.
Собрав сила и истрчав накај сопругот. Едниот маж беше паднат на подот. Жељко крвареше, пробав да му направам реанимација. Врескав некој да викне Брза помош, додека му вадев крв од устата на Жељко“, стои во изјавата на Цеца.
Пејачката стана вдовица на неполни 27 години, и една година по смртта на Аркан беше повлечена од јавноста.
Аркан имаше 48 години кога беше убиен.