Утре, во вторникот, на 14 март во 12 часот, во спомен-собата “Т’га за југ” во Градската библиотека “Браќа Миладиновци” – Скопје, ќе се одржи промоција на книгата “Недопрени бисери” од Ленче Милошевска. Писателката Марина Мијаковска ќе зборува за неа, а фрагменти ќе бидат читани од Винсент Вилчник, македонистка од Словенија. “Недопрени бисери” содржи раскази и кратки приказни кои опишуваат секојдневни ситуации, семејни односи, душевен мир, посветеност кон природата и животните, контексти диктирани од пандемската реалност, како и многу приказни поврзани со родниот град на авторката – Скопје. Ленче Милошевска е поет, романсиер и преведувач, член на Друштвото на писателите на Македонија од 1999 година. Таа е автор на четири романи, пет збирки поезија и дваесетина преводи на македонски јазик од англиски, српски и хрватски. Нејзините песни се застапени во повеќе поетски антологии и се преведени на повеќе јазици. “Недопрени бисери” е неговата втора книга раскази која е издадена од Арс Ламина.
Презентација на книгата од Ленче Милошевска во Градската библиотека во Скопје.
85