Почетна Убавина и здравјеОваа убавица го залудe светот – но почекајте да ја видите без шминка!

Оваа убавица го залудe светот – но почекајте да ја видите без шминка!

од nenad
1 минути читај за

Зад секој совршен изглед стои моќна приказна, а нејзината е токму една од оние кои никогаш не се забораваат – без разлика дали е на високи потпетици или боса.

На прв поглед, можеби би помислиле дека станува збор за супермодел, поп-ѕвезда или нова Инстаграм дива.

Но убавицата на фотографијата се нарекува Plastique Tiara (Пластична Тиара) и таа е многу повеќе од лице со совршен тен и беспрекорна шминка. Зад гламурозниот изглед се крие Ѓук Тран Нгујен, виетнамско-американски уметник, кој денес е едно од најпознатите имиња во светот на drag перформансите.

Неговата трансформација од „обично момче“ во беспрекорно стилизирана фигура достојна за насловните страници не е само игра на шминка и костими – тоа е приказна за прифаќање на себе, уметноста и ослободување на сопствениот идентитет.

Најследена drag кралица на социјалните мрежи


Поврзани објави

Plastique Tiara има над 13 милиони следбеници на социјалните мрежи и важи за најследена drag кралица на TikTok.

Се прослави со учеството во светски познатото шоу RuPaul’s Drag Race, каде што се натпреваруваше во единаесеттата сезона, а потоа и во деветтата сезона од All Stars, која ги собира најдобрите изведувачи од претходните циклуси.

Како изгледа без шминка?

Без вештачки трепки, перики и сета таа гламурозна маска, Ѓук изгледа како сосема обичен млад човек. И токму во таа „обичност“, како што вели самиот, ја пронашол својата најголема сила.

Drag ме научи дека можам да бидам силен и тогаш кога не носам костим,“ изјави тој во едно интервју.

Денес неговата самодоверба не е поврзана со надворешниот изглед, туку со уметноста што ја создава и со пораката што ја пренесува.

Фото: Инстаграм